Полошки регион


Информации за Полошки Регион

Планскиот полошки регион е еден од осумте статистички региони на Македонија. Регионот се наоѓа во северозападниот дел од државата и се граничи со југозападниот регион и со скопскиот регион.


Местоположба на полошки регион

Полошки  регион, го сочинуваат Полошката котлина со планинските масиви кои ја заобиколуваат: Шар Планина, Жеден, Сува Гора, мавровската висорамнина, планинскиот масив Бистра и долината на реката Радика, со вкупна површина од 2.416 км2 или 9,7 проценти од територијата на Македонија. Регионот има 184 населени места, од кои 182 се рурални и 2 урбани населби (Тетово и Гостивар). Полошки регион е поделен на девет општини. Административен центар на регионо е Тетово со 53 000 жители.  Котлината се одликува со типична рамница со надморска висина од 400 до 500 метри и стрмно издигнати живописни планини кои достигнуваат над 2700 метри надморска висина. Присутна е голема геолошка, рељефна, климатска, флористичка и антропогена разновидност. Полошкиот плански регион има вкупно 304,125 жители.


Полошки Регион - karta

Сообраќајни правци во полошки регион

Регионот располага со добри сообраќајници и со еден автопатен правец: Скопје- Тетово-Гостивар, една железничка пруга Скопје- Тетово- Гостивар- Кичево, неколку жичници и ски-лифтови на ски-центрите Попова Шапка и Маврово. Од овој регион се одвојуваат сообраќајници кон мавровско – дебарскиот крај и кон Косово. Низ регионот има поголем број локални правци.


Климата во Полошки регион

Полошкиот регион има типично континентална клима со посебни температурни специфичности на топли лета и студени зими, со остар преод од зима кон лето. Просечната годишна температура во Полошки регион изнесува 11 С во  Тетово, а околу 10С во Гостивар, додека на Попова Шапка изнесува 4,6 С, така што на планинските масиви во овој регион владее типична планинска клима. Во Полог просечно годишно има врнежи од 800 мм, а на планините 1100 мм. Врнежите се повеќе изразени во зимскиот период од годината и од нив голем процент се снежни создавајќи услови за зимски спортови и туристички активности.


Природни ресурси, Флора и Фауна во полошки регион


Планината Кораб

Полошки регион е препознатлив по највисоките планини во Република Македонија. Планината Кораб е типично алпска планина со многу врвови повисоки од 2 500 метри. Тука се наоѓа и највисокиот врв во државата, а тоа е Голем Кораб (2 764 m). Овој планински предел изобилува со природни убавини, сo 12 постојани глацијални езера, со длабоки и атрактивни речни долини, со клисури и кањони (кањонот Барична реката Радика, долг 42 km), со брзаци, слаповии водопади (Корапскиот Водопад на реката Длабока Река, висок е 136 m), со богата вегетација (Кораб е дел од Националниот парк „Маврово“), со погодни терени за трасирање, скијачки патекии сл.


Полошки Регион - planina Korab

Национален парк Маврово

Во овој регион се наоѓа најголемиот национален парк во Македонија — Националниот парк Маврово, на јужниот брег на Мавровското Eзеро. Националниот парк има отворено туристички инфо- центар каде што туристите можат да ги добијат сите неопходни информации поврзани со нивниот престој и понудата на паркот. Втора планина по височина во Република Македонија, а прва по планински пространства, е Шар Планина. Тоа е типична планина со алпски предели на високи и стрмни врвови, со планински езера, високи водопади, остатоци на стари валовски долини, но и на зарамнети била.


Полошки Регион - nacionalen park Mavrovo

Шар Планина

Површината на Шар Планина изнесува 912,7 km², долга e 80 km, а широка  од 10 до 20 km. Располага со 77 врвови повисоки од 2000 метри. Највисок врв на Шар Планина, е Титов  Врв со (2747 m), Стогово (2.268 m), Бистра (2.163 m). Други високи планини во Регионот се: Дешат (2.373 m), Крчин (2.341 m), На планината Шар Планина има 30-тина глацијални езера.  Најголеми се Боговинското езеро, Црно езеро, Бело езеро Голем Ѓол, Мал Ѓол, Големо езеро, Мало езеро и други. На планината лоцирани се бројни атрактивни локалитети, како што се: Попова Шапка, Лешница, Јелак, Маздрача, Три Води, Љуботен и др. На локалитетот Попова Шапка се наоѓа зимскиот скијачки центар „Попова Шапка“ кој претставува населба со бројни викендички, хотели, ресторани, извонредни скијачки терени, жичници, ски-лифтови, планинарски дом и друго.


Полошки Регион - Sarplanina

Регионот изобилува со извори и врутоци. Најзабележителни се горното течение на реката Вардар до Дервенската Клисура, живописната долина на реката Пена, Лакавица и голем број на планински реки. Релјефната дисецираност, релативните висински разлики, геолошката разновидност. Присуството на вода и карактеристичната клима овозможува развој за разновиден растителен свет преставен со разновидна дендофлора (бука, даб, бреза, костен, габер, бор)и тревна вегетација со присуство на ендемични на ретки видови. Во регионот се среќаваат разновидни видови крупен и ситен дивеч: мечка, волк, срна, дива коза, дива свиња и разни видови птици и влекачи.


Зимско-Спортски Ски-Центри во Полошки регион

Планскиот Полошки регион изобилува со планински предели и зимски спортски центри. Тоа се Попова Шапка ски центар (1.780 m н.в.) и Маврово ски центар (1.270 m н.в.)  На двата центра активно се одвиваат повеќе туристичко- спортски и рекреативни активности на скијање, пешачење, планинарење, параглајдерство, велосипедизам лов, риболов и др. Овде се сконцентрирани повеќе жичници и ски-терени, потоа две поголеми викенд- населби, како и најголемиот број сместувачки капацитети и репрезентативни угостителски објекти во Регионот. Воедно се организираат и зимски манифестации, а особено познати се „Шарпланинскиот скијачки куп“, и „Мавровскиот меморијал“, кои се посетени од илјадници домашни и странски туристи.


Полошки Регион - Zimsko sportski Ski-centar

Планината Бистра во полошки регион

Трета висока планина во Регионот е планината Бистра, која е втора по важност планина со зимско- спортски активности. Тука се наоѓа „Ски-центарот Маврово“. Бистра е дел од Националниот парк „Маврово“. Оваа планина е пониска, а највисок врв е Меденица (2.163 m) и e помала по површина од Шар Планина (со 572 km²). Бистра располага со разновидни геоморфолошки површински и подземни релјефни облици. Како што се: глациалниот  релјеф, вртачи, ували, карстни полиња, понорници, пештери, бездни, извори на реки, кањони и друго.


Полошки Регион - planina Bistra

Реки во полошки регион

На реката Радика се наоѓа најатрактивниот кањон во државата, кањонот Борич, долг 42 km, со повеќе стотици метри високи вертикални страни. Геолошки гледано, во планскиот полошки регион голем простор му припаѓа на варовничкиот состав. Така, тука се среќаваат најразлични карстни површински и подземни облици. Од сите нив, најатрактивни се пештерите. За туристите ги препорачуваме пештерите Шаркова Дупка на Бистра (пештера која е прилагодена за посета) и Ѓоновица или Убавица на планината Буковиќ, како и пештерите на планината Сува Гора.


Во полошки регион извира најголемата река во Република Македонија. Тоа е река Вардар, со должина од 301 km. Други познати реки се: Пена, Радика, Мавровска, Боговинска, Маздрача, Падалишка и др. Најпознат извор во регионот е карстниот извор на реката Вардар, познат под името Вруток, со издашност од 1,5 m³ вода во секунда. Селото Вруток познато по изворот на Вардар, истоимената хидроцентрала и специјализираните рибни ресторани, денес Вруток преставува една модерна селска населба со огромен потенцијал за еко туризам. Во Вруточките рибници за прв пат била створена Златната Пастрмка, а подоцна и Сребрената.

Езера и водопади во полошки регион

Мавровското Езеро е изградено во 1947 година и се наоѓа на 1 200 m н.в. Долго е 10 km, широко 5 km, и длабоко 50 m. Овде, во планскиот полошки регион  има повеќе планински езера, од кои најбројни се на Шар Планина.  На планината Кораб се издвојуваат осум, од кои најпознати се Корапско и Кобилино Езеро. На планината Дешат има пет – Света Недела, Локуф и други, и на Стогово, три – Горно, Долно и Маруша.


Полошки Регион

Во полошки регион се наоѓа и највисокиот водопад во државата, а тоа Длабок Дол, висок 136 m. На Шар Планина се среќаваат неколку водопади, од кои најпознат е Беловишкиот Водопад со височина од околу 80 метри. Друг познат  и посетуван водопад од туристите е Дуф со височина од 28 m, а се наоѓа во близина на село Ростуша. Националниот парк Маврово е прогласен во 1949 г. Зафаќа површина од 73.088 ha. Во склоп на паркот се Мавровското Езеро, планините Бистра, Дешат и Кораб, како и делови од Шар Планина и Крчин и сливот  на реката Радика.

Природно и културно-историско наследство во полошки регион

Од културно-историското наследство во полошки регион, по својот туристички потенцијал посебно се издвојуваат: културно- историски споменици во Тетово, манастирот Св. Атанасиј или Лешочкиот манастир (1335 г.), Шарената џамија (1495 г.), Арабати баба теќе (XVIII), Тетовското Кале, соборната црква Св. Кирилм и Методиј, црквата Св. Богородица, манастирот Св. Наум на Попова Шапка, црквата Св. Никола.  Во Гостивар познати културно- историски споменици се: Саат- кулата, црквата Св. Никола, црквата Св. Успение на Богородица и др.  Во долината на реката Радика се наоѓа познатиот манастир Св. Јован Бигорски (XVI).

Лешочкиот манастир за полошки регион

Лешочкиот манастир во с. Лешок има две цркви: Св. Атанасиј и Св. Богородица. Црквата Св. Богородица е изградена во XIII век. Се спомнува во грамотата на Стефан Дечански од 1326 година. Црквата Св. Атанасиј е изградена во 1335 година, од монахот Антониј, кој подоцна станал прв Полошки Епископ Јоанакиј. Со најновите археолошки истражувања се откриени значајни податоци, кои сведочатдека градбата е врз стара црква од VI век. Во манастирскиот комплекс се наоѓаат и гробот и спомен- собата со епитафот на надгробната плоча на Кирил Пејчиновиќ – еден од најзначајните македонски преродбеници. До манастирот е сместена и болницата за градни болести. Манастирскиот комплекс (заедно со конаците) во текот на годината е посетуван од многу верници и туристи и погоден е за летен манастирски туризам.


Полошки Регион - Lesocki manastir

Шарена (Алаџа) Пашината џамија

Шарена (Алаџа) Пашината џамија се наоѓа во стариот дел на Тетово. Изградбата на првобитната џамија датира од 1495 година, а нејзини легатори се двете сестри Хуршида и Менсуре, кои се погребани во осумстраното турбе, во дворот на џамијата. Во 1833 година џамијата била обновена и проширена од страна на Абдурахман- паша. Џамијата е значајна по своите внатрешни и надворешни сликарски декорации. Архитектонски претставува квадратна градба во која се огледуваат барокот и неокласичниот османлиски стил.


Полошки Регион - Sarena Pasina dzamija

Арабати баба теќе во полошки регион

Арабати баба теќе во Тетово е изградено во XVIII век од Реџеп- паша и неговиот син Абдурахман- паша. Теќето претставувакомплекс од верски објекти, групирани околу турбето (гробот) на бекташок Серсем Али-баба. Од нив денес се зачувани: шадрванот, турбето, кулата, неколку чешми, кујната, трпезаријата, гостинскиот конак, дервиш хането (теќето било користено од дервишкиот ред – бекташи познати по нивниот аскетски живот), харемлак, многу зеленило, цвеќе и овошки. Денес, во овој комплекс од верски објекти е сместен и Народниот музеј на град Тетово.


Полошки Регион - Arabati baba tekje

Тетовското Кале

Тврдината почнал да ја гради Реџеп- паша и неговата градба траела 20 години, а била завршена од страна на неговиот син Абдулахман- паша во 1820 година, но и тој не успеал да го отвори објектот, бидејќи бил повикан од султанот и заминал за Истанбул и веќе никогашне се вратил во Тетово. Затоа Калето останало не вселено и неискористено. Археолошкиоткомплексопфаќапет сараи,големикујни,бањаи еден бунарво средината.На Калетоима остатоциод комплексмагацини,кујна-трпезарија,кули,затворнаправенподземи и три тунели.Од постаритеостатоци,има средновековнацркваод XIV век – посветенана Св. Атанасиј.


Полошки Регион - Tetovsko Kale

Бигорскиот манастир во полошки регион

Манастирот Св. Јован Крстител или Бигорскиот манастир е изграден на бигорна карпа и од бигор, поради што го носи името Бигорскиманастир. Бигорскиот манастир е манастирски комплекс кој се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар, во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требишта, по течението на реката Радика. Според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година. Во XVI век манастирот го разурнала отоманската власт и од целиот комплекс останалаm само мала црква. Манастирот повторно бил обновен во 1743 година, од страна на јеромонахот Илaрион, кој бил и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.


Полошки Регион - Bigorski manastir

Дополнителни информации за полошки регион

Во регионот во текот на годината се организираат повеќе културни спортски, забавни и други манифестации. Најпознати се „Галичката свадба“ (12 Јули на Петровден), „Снежен град“ (Детското одморалиште „Бунец“ – Маврово), „Шарпланинскиот скијачки куп“, Тетовскиот фестивал, Лешочкиот фолк фест, Тетовските хорски одѕиви, Деновите на Наим, „Мавровскиот меморијал“, Планинарското традиционално искачување на Кораб, Традиционалното искачување на Титов Врв, „Денот на одгледувачите на овци и кози“ и др.


Полошки Регион - Bigorski manastir

Мијаци — дел од македонскиот народ кој живее во Мијачијата или долнореканскиот крај покрај реката Радика. Тие се познати по нивната култура, архитектура, обичаи и културно и национално наследство. Традиционалната мијачка носија е широко позната.


Повеќе информации за полошки регион може да се прочитаат на страната на Центарот за развој.





 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.