Клима

 

Македонија се наоѓа на спојот на две главни климатски зони, медитеранската и континенталната.

Периодично, ветрот ги пробива планинските бариери на север и југ, носејќи драстично контрастни временски прилики; еден пример е студениот северен ветер познат како “Вардарец“.

 

Изменета медитеранска клима во Македонија

Застапена е во котлината на потегот Гевгелија – Валандово, и котлините кон Дојран и  потегот Струмица – Радовиш. Исто така, може да се прошири и северно кон Скопје, по течението на реката Вардар. 

Оваа клима се карактеризира со долги и суви лета и благи и врнежливи зими. Сезоните на пролет и есен не се многу забележителни. Есента е подолга и потопла, додека пролетта е пократка и постудена. Просечната температура во најжешкиот месец – јули, е околу 25° С. Демир Капија е најтоплиот град во земјата со летна температура која може да достигне и до 40° С. Просечната температура во најстудениот месец – јануари е релативно висока до 3° С.

Просечната годишна количина на врнежи од дожд во областите со изменета медитеранска клима е прилично ниска. Просечната годишна количина на врнежи покрај реката Вардар е помала од 500 mm, и претставува еден од најсувите региони во земјата. Во другите области на изменета медитеранска клима просечната количина на врнежи е 600 – 750 mm. Врнежите од снег се многу ретки во овие области.    

 

Планинска клима во Македонија

Застапена е во високите планински региони на Македонија. Се карактеризира со долги и снежни зими и кратки и студени лета. Пролетта е постудена од есента.

Температурата на планинската клима опаѓа со зголемувањето на надморската височина. Тоа е причината зошто најниските температури се наоѓаат во највисоките делови на планините. Шар Планина, на пример, има негативни просечни температури четири месеци од годината, а, исто така, ова е слично и кај другите високи планини.

Најстудените месеци се јануари и февруари, а најтопли се јули и август. Меѓутоа, дури и во топлите месеци може да се случат големи климатски промени, па дури и врнежи од снег.

Што се однесува до количината на врнежи, регионите со планинска клима имаат највисока годишна количина на врнежи во земјата, со многу дожд и снег над 1,000 mm. Количината на врнежи се намалува како што одите кон исток, и во источниот дел на земјата изнесува 600 – 700 mm. Просечниот период кога снегот се задржува на планините е од ноември до април, но на повисоките планини, снегот може да остане и до крајот на мај.

 

Умерена континентална клима во Македонија

Ова е најкарактеристичната клима за Република Македонија, бидејќи го покрива најголемиот дел на Македонија. Се карактеризира со релативно студени и влажни зими и топли и суви лета. Пролетта е постудена од есента.

Постојат разлики во просечните температури во регионите на умерено континентална клима. Ова е поради разликите во географската ширина на регионите, надморската височина, итн. Просечната температура во јули е највисока во котлините на Овче Поле, Кочани и Скопје. Просечната температура во јануари е најниска во малешевската котлина.

Годишната количина на врнежи, исто така, се разликува, и се движи од 490 mm во овчеполската котлина, до 760 mm во преспанската котлина. Освен дожд и снег, во овие региони има и појава на врнежи од град.

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.