Битола



Во југозападниот дел на Македонија се наоѓа градот Битола - административен, културен, економски, индустриски, образовен и научен центар за тој дел од земјата. Градот е познат под името “град на конзулите”, бидејќи тука се наоѓале конзуларните претставништва на европските земји во времето на Отоманската Империја, каде заедно со Солун бил најважно место во европскиот дел на Империјата.

Името на градот Битола

Во периодот 1864 - 1912, Битола бил главен град на Битолскиот вилает, еден од трите вилаети во регионот Македонија. И денес, голем дел од конзуларните претставништва во Република Македонија се наоѓаат тука. Битола е втор по големина град во Македонија според бројот на жители. За време на Југославија, тој бил еден од културните центри, како во Кралството Југославија, така и во СФРЈ. Таткото на турската нација Кемал Ататурк, завршил офицерска школа во Битола. Некои негови работи денес се чуваат во Народниот музеј. Според Адријан Рум, Битола потекнува од зборот Обителовој - израз кој до денес се употребува и во хрватскиот јазик кој за време на средниот век се користел за заедница на монаси, како фамилија односно манастир. Грците од истите причини градот го нарекувале Монастири. Градот Битола своето име го добил по големопоседникот Тољо, кој имал своја тврдина во близината на денешното битолско село Буково. Во времето кога дошле Турците да го освојат овој дел од Македонија, за да го повикаат на борба големопоседникот Тољо, му велеле „Би Тољо, до би Тољо“.


Info

Битола низ историјата

За време на отоманската власт, градот се викал Манастир, што Турците и Албанците го усвоиле од Грците. По Балканските војни од 1913 градот потпаѓа под српска окупација и повторно го добил старото име Битола. Градот има средна годишна температура на воздухот од 11,1°С, но со големи отстапувања во одредени години.

Климата во Битола

Најстуден месец е јануари, со просечна месечна температура од -0,6°С, но со апсолутна минимална температура од -30,4°С. Најтопол месец е јули, со средна месечна температура од 22,2°С и со апсолутно максимална температура од 41,2°С. Апсолутното годишно варирање на температурата на воздухот изнесува 71,6°С што е специфика за континенталната клима. Температурата има карактеристика на континентална клима, а врнежите на сушна изменето-медитеранска или степска клима која, на моменти, има пробиви и на жешки воздушни маси од Северна Африка. Просечното годишно количество на врнежи изнесува 601 мм, со вредности кои се движат од 338 мм до 879 мм. Битола исто така е пример со појавата на поларна светлина. Преку Битола поминува изохазмата (линија која поврзува места со еднаков број на денови со појава на поларна светлост) 0,1 што значи дека на небото на Битола просечно само еднаш во 10 години, се појавува поларната светлост.

Широк Сокак

Првиот конзулат во Битола е отворен во 1851 година од страна на тогашната Австро-унгарска империја, токму на Широк Сокак. Подоцна тоа ќе го сторат Британците и Французите, а потоа доаѓаат конзулите од Русија, Италија, Србија, Бугарија и Романија. Првите светилки на Широк Сокак ја тргнале темницата од Саат-кулата до Офицерскиот дом точно во 17 часот на 24 декември 1924 година. Во тоа време на Широк Сокок биле сместени претставништва на бројни странски компании, престижни кафеани, слаткарници, филијала на Франкосрпската банка. Тој прв конзулски период бил инспирација за бројни песни на конзулите, за пајтоните, за клавирите, за прочуената чкембе чорба, за Влашкото маало и жолтите куќи, за љубовта. Сонот на битолчани нивниот град повторно да стане конзулски се оствари со осамостојувањето на Македонија.


Info

Хераклеја Линкестис (IV век п.н.е)

Хераклеја Линкестис е еден од најпознатите македонски антички градови, лоциран во непосредна близина на Битола. Основан е во средината на IV век пред нашата ера од страна на Филип II Македонски. Градот бил развиен воено-стратешки центар на северозападната граница на тогашната македонска област Линкесида (денешно Битолско Поле). Наоѓајќи се на најзначајната сообраќајница од тоа време, Виа Игнација, Хераклеја станува нејзина најважна станица во регионот. Во ранохристијанскиот период била епископско седиште. Во Хераклеја се откриени портико со почесни споменици, мала и голема базилика, римска бања, театар, градска чешма на Јустинијан од VI век, епископска резиденција. Животот во Хераклеја замира кон крајот на VI век. Денес таа е значајно археолошко наоѓалиште, но и место за културни манифестации.


Info

Исак џамија (1508)

Исхак Челеби Ибн Иса џамија, како што е нејзиниот полн назив, е една од најстарите зачувани џамии во Битола и еден од најпознатите муслимански сакрални културно-историски објекти во Македонија. Со минарето во височина од околу 50 метри, џамијата доминира во просторот наспроти Саат-кулата и Големиот Безистен. Во нејзиниот голем двор има неколку гробови, привлечни заради фините облици на саркофазите. Оваа еднопросторна подкуполна џамија претставува вистинско почивалиште за својот ктитор. Главниот декоративен елемент во тремот се четирите столбови, кои доминираат во просторот поставени на високи камени постаменти што завршуваат со идентични капители. Преку главниот портал се влегува во молитвениот простор со раскошна декорација. Посебноста на оваа џамија ја чини играта на боите и формите, која се отсликува во секој дел од џамијата.


Info

Саат – кула (XVII век)

Саат-кулата е најпрепознатливиот споменик со кој се идентификува Битола. Се наоѓа во строгиот центар, каде градскиот часовник доминира во просторот со својата висина и емитува популарна музика кога ги отчукува часовите. Иако не е пронајдена документација нејзиното градење, се смета дека е изградена во периодот на турското владеење, во XIV век, заедно со Јени џамија. Висока е 33 метри, поставена на квадратна основа. Од северната страна има полукружен влез и внатрешни спирални камени скали. Поделена е на три ката, а на најгорниот се наоѓа механизмот со часовници на сите четири страни. Најгорниот дел претставува мала купола, кој нуди прекрасна панорама на конзулскиот град и на пошироката околина. Паркот околу Кулата е место каде граѓаните се собираат на Бадник и палат свеќи долж тревникот и тротоарот.


Info






Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.