Дојран


Дојран

Дојран е историски град во југоисточниот дел на Република Македонија на брегот на Дојранско Езеро, којшто бил разурнат во Првата светска војна кога броел дури 18 000 жители.


Покрај Дојранското езеро на македонската страна постојат три населби: Нов Дојран, Стар Дојран и Николич во кои живеат над 4000 жители. Стар Дојран е населба на западниот дел на дојранското езеро. Денес населбата има туристичко-рекреативна функција со голем број на викендички. Покрај дојранскиот брег постојат 40 хотели и други сместувачки капацитети, неколку модерни казина и над 600 викенд–куќи.


Info

Легенда за Дојран

Во местото живеела многу убава девојка со име Дојрана. Во неа се заљубил османлиски бег и од нејзините родители ја побарал за жена и покрај тоа што Дојрана не го сакала. Еден ден отишла да ги наполни стомните со вода од едно изворче, ја забележал бегот и поттрчал по неа. Бегајки Дојрана се фрлила во изворот за утредента изворот да се прошири и го поплави целото место станувајќи езеро. По името на убавата девојка, езерото го добило името Дојранско, а населеното место Дојран.


Info

Специјалитети од Дојран

Нашиот народ вели дека рибата плива трипати – во водата, во тавчето и во виното. Најпознатите специјалитети се базирани на рибата, особено на костреж и црвеноперка. Најпрочуен рецепт е рибата на трска. Карактеристично за овој специјалитет е тоа што рибата се обвиткува во трска и на тој начин се става на жар. Трската претставува заштита на рибата додека се пече, ја спречува да загори и ѝ дава несекојдневна арома. Се подготвува најчесто со црвеноперка. Со овие рибини специјалитети, за уште поголемо уживање, најпогодно би било да отворите некое бело вино, какви што се смедеревка или жилавка.


Info

Дојранско Езеро

Вистинското место на кое може да го почувствувате климатсткото влијание од Медитеранот е околината на Дојранското Езеро. Отвореноста кон југот и ниската надморска височина (148 метри) причинуваат средна годишна температура на водата да биде околу 15-18 степени, а во лето дури до 25-27 степени. Со површина од 43,1 км2, тоа е најмалото тектонско езеро во земјава, а воедно и најплитко – со максимална длабочина од 10 метри – и претставува реликтен остаток од некогашното плеоценско Пеонско Езеро. Богато е со фитопланктон и зоопланктон. Високата продукција на планктон значи и богатство со риба. Во езерото има околу 15 видови риби.


Info

Климатски услови

Летата се жешки и суви, а зимите се благи и влажни. Богатството од ендемски видови алги што живеат во езерото ќе ви овозможи да се надишете јод. Не пропуштајте на себе да нанесете малку од лековитата дојранска кал. Ако барате место за одмор и смиреност, во прегратка на медитерански амбиент, опкружени со неповторлива убавина на околината, тогаш Дојран е вистинското место за вас.


Info
Info




Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.