Риба

 

Риба

Нашиот народ вели дека рибата плива трипати – во водата, во тавчето и во виното.

А во Македонија постојат езера и реки што се одликуваат со неверојатна чистота, постои големо богатство од традиционални рибини специјалитети и постои беспрекорно вкусно вино со кое се подготвуваат дел од нив.

Еден таков специфичен традиционален рецепт е пијаниот крап. Оваа риба претставува карактеристика за Преспа, па затоа во овој град можете да го вкусите и најдобро подготвен. Добро исчистениот крап се засекува и се зачинува со лук, магдонос, кора од лимон и морков, а завреме на подготовката рибата постојано се полева со доматен сос и со големо количество бело вино. Може да се послужи и гарнир од компир салата или ориз.

Охридското Езеро е надалеку прочуено по ендемскиот вид охридска пастрмка. Бојата на месото на оваа недоливо вкусна риба е или бела или розова. Традиционален рецепт во Охрид е тресената пастрмка. Месото на рибата во овој специјалитет е растурено и без коски, а се служи во форма на самата риба. Друг специјалитет е пастрмка со јанија.

 

 

 

 

Најпознатите дојрански специјалитети се базирани на рибата, особено на костреж и црвеноперка. Најпрочуен рецепт е рибата на трска. Карактеристично за овој специјалитет е тоа што рибата се обвиткува во трска и на тој начин се става на жар. Трската претставува заштита на рибата додека се пече, ја спречува да загори и ѝ дава несекојдневна арома. Се подготвува најчесто со црвеноперка.

Со овие рибини специјалитети, за уште поголемо уживање, најпогодно би било да отворите некое бело вино, какви што се смедеревка или жилавка.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.