Неготино

Неготино се наоѓа на околу два километри западно од Вардар, на надморска височина од околу 150 метро. Има поволна географско-сообраќајна положба. Во непосредна близина поминува автопатот и железницата од Скопје за Солун, а тука се вкрстуваат и патните правци кон Прилеп и Штип, односно, слично како и во минатото, тука се сечеле Вардарскиот пат и патот долж Црна Река, кој минувајќи низ превојот Плетвар и низ Пелагонија, се поврзувал со Виа Игнација.

Името на градот е изведено од топонимот Антигонеа, населба кој постоела до 518 година во античкиот период во непосредна близина на денешно Неготино. Како град се спомнува во првата половина на XIX век. Со изградбата на патот Прилеп-Штип во XIX век Неготино добива важност како попатна станица и прераснува во гратче. Уште поголем развој забележува со изградбата на Вардарската железница.

Пред балканските војни, Неготино било гратче со 700 куќи. Вистински раст на градот во демографска и економска смисла се случува по Втората светска војна. Во повоениот период населението е во постојан пораст, така што од 2.683 жители во 1948 година достигнува до околу 13.000 жители во 2002 година.

Во стопанството на градот доминира земјоделството (лозарство) и индустрија (прехранбена индустрија, индустрија за пијалаци, електроиндустријата). Денес Неготино е современо гратче со развиени градски функции и претставува второстепен центар во Тиквешкиот лозарски регион. Неговото гравитациско подрачје зафаќа околу 28 селски населби, за кои Неготино е главен административен, културно-образовен и здравствен центар. Во Неготино има Дом на културата, Градски Музеј, Градска библиотека. Тука на 21 септември се одржува Неготинскиот панаѓур. 

 

 

Солунска Глава

најмаркантниот алпинистички предизвик во Македонија

Солунска Глава е врв на Мокра Планина, со надморска височина од 2.540 метри. Алпинистички објект е јужната страна на врвот, која претставува амфитеатар со широчина од околу пет километри и височина од 500 до 1.000 м. Геолошкиот состав е претежно од варовници, низ кои се формирани поголем број јами. Една од нив е длабока 450 метри и се смета за една од најдлабоките на Балканот. Солунска Глава е и живописна и пријатна, така што е постојан предизвик за освојување, но само за добро подготвени алпинисти, заради комплицираниотприод до карпата по див и непристапен кулоар во време од три до пет часа од најблискиот планинарски дом. Најдобар период за качување е од јуни до септември.

 

 

Алшар

единствено наоѓалиште на талиум во светот и потенцијале “рудник” на еколошки чиста средина

Алшар е минералошки локалитет, 40 километри јужно од Кавадарци на планината Кожуф, во близина на селото Мајдан. Единствен е по многу нешта во светот. Во Алшар досега се регистрирани десетици видови минерали, од кои дури седум ги има само во Македонија. Во 250.000 тони руда се содржат 2% арсен, 2,5% антимон и 0,1% талиум, што го прави рудникот најбогато и единствено наоѓалиште на талиум во светот, кој се користи за вселенски истражувања и во телекомуникациските технологии.

Посебен и најзначаен раритет во Алшар е лорандитот, минерал на талиумот, првпат научно опишан во 1894 година. Станува збор за мошне редок минерал, за кој е утврдено дека во целиот свет единствено во Македонија го има во чиста форма.

 

Денешното име на рудникот е кратенка од првите букви на имињата на луѓето што управувале со него во првата половина на XX век – француско банкарство семејство Алатини и рударскиот инженер Шарто. Во 2004 година рудникот е евидентиран како споменик на природата и е дел од “Емералд”, мрежа за заштита на природните реткости.

 

 

Познатите светски геолози рудникот Алшар го нарекуваат најголема тајна на планетата, бидејќи во неговата утроба се криела тајната за настанувањето на Космосот и на Сончевиот систем. Како единствен природен детектор на сончевото неутрино, најмалата досега позната честичка, проѕирно-црвениот минерал лорандит, а од посебен интерес за светската наука во фундаменталните истражувања за откривање на неговата улога низ експерименти со лабораториско вештачко сонце, со што би се следеле термонуклеарните реакции.

Со овие истражувања се очекува да се покаже како се создава енергијата на Сонцето и врз таа база да се создаде нов моќен енергетски извор, соодветен на оној од Сонцето. Ова значи дека би можело да се произведуваат т.н. мали сонца, што би ги замениле атомските централи, а не би биле радиоактивни.

За лорандитот голем интерес пројавиле НАСА, како и врвни научни институти од Австралија, Германија и Јапонија. Лорандитот во помали количества се наоѓа и во САД и Кина, но во македонскиот Алшар го има најмногу и во најчиста форма.

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.