Слободно време

 

 

Охрид

Охрид е највозвишеното езерско место кое за многумина претставува кулминација на македонското доживување, царство на светлината и на водата, и складиште на антички урнатини од древните македонски царства. Главните знаменитости на Охрид се наоѓаат во забележително концентрираната пешачка зона, помеѓу и над тесните улички на Стариот град, наредени со ресторани и кафулиња совршено прилагодени за релаксирање во свежите летни вечери. Бројните кафе барови и ноќни клубови во Охрид придонесуваат за живиот ноќен живот. Што се однесува до самото езеро, тоа е толку големо и толку длабоко, што некој може погрешно да помисли дека се работи за помало море. На располагање е целиот спектар на спортови на вода, риболов и пловење, како и бројните цркви покрај брегот на Охридското Езеро, кои овозможуваат фасцинантни излети и прошетки. Најголемиот дел од шумскиот гребен над источниот брег на езерото припаѓа на Националниот парк “Галичица“, и истиот претставува недопрена дивина, која е идеално погодна за љубителите на природата. Единственоста на Охридското Езеро и историската архитектура на градот е потврдена од страна на УНЕСКО, и истата е почестена со официјалната ознака како едно од ретките места на листата на културната институција “Светско наследство“.

 

 
 

Најпопуларни плажи во Охрид

 
 

Горица е на само четири километри од Охрид и според многумина тоа е најатрактивната локација на Охридското Езеро, која нуди оптимална приватност и удобност. Целата околина ви дава чувство на смиреност, плажата е опкружена со високи карпи, а локацијата на хотелскиот комплекс дава идеален поглед на целата ривиера. Хотелот со пет ѕвездички ги задоволува луксузните вкусови на сите туристи, особено на оние најпребирливите.

Славија е на само четири километри од Охрид, во месноста Свети Стефан и има два хотелски објекта “Орце Николов“ и “Славија“. Хотелот “Славија“ е висока Б категорија, има бар, продавница за сувенири, своја сопствена плажа, паркинг простор и поголемиот број соби има поглед на езерото. Ова е една од најпосетуваните плажи, секогаш уредна и чиста. Најголемата атракција е тобоганот од 75 метри, и секако популарните педалинки.

 

Slavija Beach

 

Хотелите “Метропол“ и “Белви“ се оддалечени осум километри од Охрид, а само стотина метри од езерото. И двата хотела се добро познати по модерно опремените соби со поглед на езерото. Имаат спортски терени, сала за куглање, сала за конференции и за состаноци, сауна, хелиотерапија, казино и фитнес центар.

Лагадин се протега 285 м од реката Суводолица до хотелот “Два бисера“, и е најдолгата плажа на Охридското Езеро. Посебна атракција е платформата на вода, за која треба однапред да резервирате место. Во текот на денот се организираат разни забави со снежна пена, дожд и балони во еден дел од плажата. Постојат посебни паркинг места за скутерите и глисерите на гостите. Другиот дел од плажата е наменет главно за релаксација, освежителни пијалаци, за разговор, класична атмосфера без забави.

Елешец е авто-камп на 10 km од Охрид. Во бунгаловите и приколките на кампот има 700 легла, но, секако може да престојувате и во ваши сопствени приколки и шатори. Во кампот има и супермаркет.

Пештани се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро, на 10 km од Охрид. Тоа е најголемото населено место во регионот со плажи, опкружено со девствена природа. Во оваа област се наоѓаат седум цркви, од кои најважна е црквата пештера посветена на Света Богородица, подигната во близина на селото во карпите на источниот брег. Црквата импонира со својот живопис, кој има карактеристики на охридската сликарска школа од XIV век.

 

Peshtani Beach

 

Новоотворениот музеј на вода е на само неколку минути од Пештани. Овој музеј има реконструиран дел од праисториската населба од XII до VII век пред нашата ера, која била поставена на платформа поддржана од дрвени столбови. Изложени се остатоци од населбата кои се пронајдени во вода, од нуркачка база и од реконструирани тврдини на римски камп од II век.

Постојат многу ресторани каде што може да ги пробате извонредните национални јадења и риба подготвени на традиционален – локален начин, па затоа можете да уживате во специјалитетите на готвачот во комбинација со високо квалитетни домашни вина. Бројните кафе барови придонесуваат за побогат и поинтересен ноќен живот до доцните вечерни часови.

Градиште опфаќа неколку плажи, кои нудат дневни и ноќни забави. Најинтересен е “црниот апартман“ кој се наоѓа на највисоката точка на плажата, бројните дневни забави на кои свири романтична, бразилска, латино и chill-out музика, како и ди-џеј забавите со етно музика, психо- даун и транс на самата плажа. Тука може да слушнете и џез музика, има организирани промоции на дневни и странски музичари, а дури има и книжарница на плажата Во текот на денот има организирани натпревари, качување по карпи и други видови забави. Плажата е направена по европски стандарди. Доколку останете тука цел ден, не постои причина за да ја пропуштите ноќната забава.

 

Gradishte Beach


  

Љубаништа е авто-камп на околу 30 километри од Охрид, веднаш под истоименото село, на површина од околу 10 хектари. Кампот има капацитет од 100 постојани камп приколки со 400 кревети, и простор за 200 кампери. Во кампот има ресторан, супермаркет, скара, продавница и сопствена песочна плажа на површина од 1500 метри квадратни. Љубаништа е последното македонско село до границата со Албанија. На 2 километри од кампот се наоѓа комплексот “Свети Наум“ и изворот на реката Црн Дрим, кои имаат голема историска, културна и туристичка вредност за целата земја.

Трпејца е посебно убаво место, поради бројните мали песочни плажи до кои може да се стигне само со брод. Трпејца е вистински рај за туристите. На потегот помеѓу Охридското Езеро и Галичица, со белите бисерни плажи и кристално чистата вода, ова место се разви во елитен туристички центар. Се наоѓа на 12 километри од Охрид, во срцето на Националниот парк “Галичица“. Селото е десет века старо, а според легендата своето име го добило од поимот “трпеза - маса“, бидејќи бројните аџии кои патувале до манастирот Свети Наум поставувале трпеза - маса, во чест на монасите кои живееле аскетски.

 

Trpejca Beach

 

“КАКО СТРУГА НЕМА ДРУГА “

 

 

Струга има поволна местоположба. Се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија, на северниот брег на Охридското Езеро и на двата брега на реката Црн Дрим. Се протега долж стариот антички пат Виа Егнациа (Via Egnatia).

Оваа населба се споменува како Струга во почетокот на XI век.

 

 

 

 

 

Преспанско Езеро

Преспанскиот регион се карактеризира со мноштво сончеви денови, додека на брегот на Преспанското Езеро има неколку прекрасни песочни плажи. Тука сте опкружени со чудесни планини со бујна вегетација. Планините во комбинација со бистрото езеро секогаш восхитуваат, и постојано ве мамат на пливање и на релаксација.

 

 

 

Дојранско Езеро

 

Dojran

 

Дојранското Езеро зафаќа површина од 43,1 km2, од кои 27,3 km2 припаѓаат на Македонија, и 15,8 km2 на Грција. Тоа е најмалото котлинско езеро во Македонија. Температурата на водата е условена од близината на Егејското Море. Температурата на водата во Дојранското Езеро изнесува 27 С, а транспарентноста на водата е од 1 – 3.6 метри. Водата во езерото доаѓа од подземните извори и реки: Голема Река, Топлец и други. Езерото истекува преку реката Голаја која се наоѓа на грчката територија.

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.