Кратово

 

Кратово се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија. Гратчето е сместено во југозападното подножје на Осоговските Планини во долината на Кратовска Река, лева притока на Крива Река. Се претпоставува дека на денешното место на градот постоел град под името Кратискара. Под името Кратис или Коритон каселбата се спомнува во византискиот период, а денешното име е добиено по местоположбата на градот во кратер на изгаснат вулкан. Во средниот век најзначајна стопанска дејност било рударството, кое во непосредна близина го развиле Сасите. Како важно трговско-рударско место во втората половина на XIII век, Кратово во XIV век станало познат трговски центар кој го посетувале многу дубровнички трговци. За време на турското владеење напреднале рударството и трговијата. Во XVI век Кратово било најголем рударски центар во европскиотдел на Турција. Во овој и следниот XVII век во Кратово се ковале сребрени пари и се изработувале бакарни производи. По Австро-турската војна и Карпошовото востание Кратово економски опаѓа. Во првата половина на XIX век броело од 5.000 до 6.000 жители, а на крајот на XIX век населението се намалило на околу4.000 жители. Меѓу двете светски војни Кратово не бележи стопански и популациски развој. По Втората светска војна бројот на населението континуирано се зголемувал, но со умерено темпо, така што од околу 2000 жители во 1948 година пораснало на околу 7.000 жители во 2002 година. Кратово лежи само на еден пат. На тој начин со едноставна комуникативна врска на северозапад се поврзува со Куманово и Крива Паланка, а на југ со Пробиштип. Денес Кратово е административно- управен, просветен и здравствен центар во своето гравитациско подрачје. Во стопанството водечка улога имаат рударството и индустријата.

Кратовска архитектура - Релјефните услови на просторот условиле во Кратово да се развие посебен архитектонско-градежен пристап. Куќите се амфитеатрално поставени, со значително поголеми височини од долната во однос на горната страна. Претежно се двокатни или повеќекатни, со надвиснати чардаци, од кои се гледа панорама на градот. Архитектурата на Кратово ја карактеризираат и тесните и стрмни улици, повеќе мостови, како и голем број традиционални занаетчиски дуќани и разни други индивидуални постари и понови архитектонски градби.

 

 

Распоредени околу чаршијата, заедно со кулите, мостовите му даваат на градот средновековен лик и амбиент на град-музеј. Низ Кратово течат Манцева, Баба Карина и Табачка Река, кои се спојуваат во центарот на Кратово и ја формираат Кратовска Река. Мостовите се градени од клепан камен, во облик на лак што се спушта врз двата брега. Изградени над мноry длабоки и стрмни речни корита, тие се видливи еден со друг. Најпознат е Радиниот  Мост, но са својата убавина пленат и Грофчанскиот, Чаршискиот, Јокширскиот, Арryличкиот и Горномаалскиот Мост.

За најпрочуениот Радин мост се раскажува потресна легенда за тоа дека во темелите жива е заѕидана Рада. Според приказната, мостот го граделе деветмина браќа, но тој постојано паѓал и, за да го зацврстат, одлучиле најмладата снаа жива да ја заѕидаат. Таа имала машко дете доенче и плачејќи побарала да и ја остават слободна десната града, за да може да го дои чедото. Мостот се наоѓа на Манцева Река, подигнат на две високи кули.

 

Кратово е град со најголем број средновековни кули во Македонија, вкупно 17. Дванаесет се лоцирани на левата страна од Кратово, а пет на десната. Само шест од нив се сочувани, додека другите се прилично оштетени. Најголем дел од кулите настрадале за време на Карпошовото востание. Златкова кула е најстара и најбогата, изградена во 1365 година. Името го добила според нејзиниот последен сопственик, Ѓорги 3латков, кој ја купил од Асан Ефендија, според чие име дотогаш се нарекувала. Изградена е од дебели камени ѕидови, висока е околу шест метри. Има три ката и во неа се влегува со помош на подвижни скали. На југоисточниот ѕид се наоѓа длабнатина, која била бања со санитарен јазол. Еминбегова кула е висока околу 13 метри и широка шест метри. Вратата е изведена од делкан камен. Десно од влезот, во вид на рог, е издадена пирамида како самостоен објект. Тоа било бања  со тоалет. Кулата има три ката, преградени со дрвена конструкција. Дебелината на вратите е поголема од останатите кули и се отвораат вртејќи се околу дебели оски потпрени во камен жлеб. На третиот кат има камин, ниша, полици и долапи за покуќнина. Симиќева кула е најзначајната, највисоката и најубавата кула во Кратово. Изградена е во 1370 година од тогашниот владетел на Кратово, великодостојникот Костадин Дејанов. Во внатрешниот дел е поделена на катови, од кој најубав е четвртиот, со прекрасен поглед на градот. Во горните делови се стигнува преку тунелски камени скали сместени на јужниот ѕид, така што се добива впечаток дека посетителот се движи низ тунел. Во кулата има вкупно 69 скали, осветлени со три мали отвори, од кои едниот е набљудувачница на северниот ѕид заштитена со камен штит. На кулата во 1921 година е поставен градски часовник, така што денес е позната како градска саат-кула.

 

Цоцев Камен карпата од вупканско потекло, висока стотина метри и стара неколку милиони години, денес се смета за праисториска опсерваторија

Станува збор за неолитска населба, која се наоѓа на 25 километри западно од Кратово, во непосредна близина на селото Шопско Рудари. Самата карпа претставува духовно светилиште, што е забележливо од многуте остатоци видливи и денес, како и од предметите пронајдени во непосредна бпизина. Оддалеку, Цоцев Камен изгледа како и секоја друга карпа. Но, на неколку чекори од неа се отвора грандиозен локалитет. Вдлабнатините во вид на пештери се поставени на катови, а пред нив има платоа, базени за ритуално капење, остатоци од скалила, камен престол, седишта. Пред околу 10.000 години тука се изведувале ритуални танци, капења под водопадот и принесување жртви на боговите на виното и плодноста. До пештерите се стигнува со помош на скалила, а искачувањето по стрмнините на карпата е еднакво на екстремен спорт. Својата функција на опсерваторија од камено време Цоцев Камен продолжил да ја одржува 50 неолитот и во бронзеното време. Некопку века по новата ера светилиштето згаснало. Вредноста на Цоцев Камен е откриена во 1971 година. Некои истражувачи го сметаат за единствен локалитет во светот кој на едно место има светилиште, жртвеник и опсерваторија.

 

 

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.