Куманово


Местоположба на Куманово

Куманово се наоѓа во Североисточниот регион на Република Македонија. Сместен е во подножје на Скопска Црна Гора, во Кумановското Поле. Има мошне добра сообраќајно-географска положба. Околу 1660 година населбата броела околу 600 куќи се одликувала со слабо развиено стопанство. Во XIX век успева да се оддели од околните населби и интензивно да напредува.


Kumanovo

Со изградбата на железницата во негова непосредна близина, ја зацврстува својата доминантна положба во однос на околните населби. Така станува атрактивно имиграциско место за околното население и бележи поизразен популациски раст. Во почетокот на ХХ век во Куманово живеат околу 15.000 жители. Во повоениот период бележи перманентен раст на населението и стигнува до околу 70.000 жители во 2002 година.


Името на населбата потекнува од воинственото племе Кумани, кое во 1094 година навлегло во овој крај и извесно време се задржало на оваа територија. Се претпоставува дека Куманово било основано во ХII век, во близина на селото Жеглигово, со цел да го чува преминот меѓy реките Вардар и Јужна Морава. Во 1519 година во турските документи се спомнува како село во состав на нагоричка нахија.


Kumanovo Muzej

Ликот на Куманово го чинат повеќе културни, образовни, административни и други објекти. Денес претставува град со развиени дејности од секундарниот и терцијарниот сектор. Водечко место има индустријата (метало- преработувачка, текстилна, чевларско- кожарска, прехранбена, тутунска), потоа земјоделството и трговијата. Куманово има три контактни гравитациски зони на влијание: кон Крива Паланка, Кратово и Свети Николе.


Туристички локалитети и атракции во Куманово

Пелинце

Во непосредна близина на Куманово се наоѓа Меморијалниот Центар АСНОМ, културно-историски и спортско-рекреативен центар во село Пелинце, посветен на Првото заседание на АСНОМ одржано на 2 авгyст 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински. Комплексот е покрај реката Пчиња во Пелинце, во општината Старо Нагоричане, на два километра од историскиот манастир Св. Прохор Пчињски. Отворен е на 2 август 2004 година, по повод 60-годишнината од Првото заседание на АСНОМ. Комплексот опфаќа игралишта, ресторан, амфитеатар за приредби и музеј на АСНОМ, во кој се пренесени спомен-плочите од Заседанието пренесени од историскиот манастир. На фасадата на музејот се наоѓа монументалниот мозаик „Македонија" од 140 квадратни метри. Во музејот се наоѓа копија на собата од манастирот Св. Прохор Пчињски, во која било одржано Првото заседание на АСНОМ. До неа е сместена и спомен-соба во која се изложени документите од создавањето на македонската држава.


Kumanovo Pelince

Кокино

Уште пред илјадници години жителите на овие простори ги набљудувале небесните тела. Доказ за тоа е мегалитската опсерваторија Кокино, која датира од 1800 година пр. н. е. од раното бронзено време и која се наоѓа на планинскиот врв познат како Татиќев Камен. Тука праисториските жители ги извршувале древните ритуали и обреди. На ова место се следеле циклусите на Сонцето и на Месечината и се мерело времето.


Опсерваторијата Кокино е сместена на неовулкански рид, чии карпи биле создадени со стврднување на лавата што истекла од вулкански кратер. Токму процепите што биле создадени низ текот на времето биле главни маркери со кои се означувале местата на изгревањето на Сонцето и на Месечината во периодите на рамноденица и долгоденица, како и местата на нивните отстапувања.


Иако е откриена дури во 2001 година, оваа исконска опсерваторија го најде своето заслужно место на листата од најзначајните стари опсервации во светот од страна на НАСА, која го смести Кокино на високото 4. место. Се смета дека старешините и водачите на племето имале привилегирана положба за набљудување на небото. Доволно е да седнете на некој од престолите издлабени во карпите, на кои седеле овие старешини и водачи и да го пречекате првиот сончев зрак што ќе ве озрачи при изгревот, па да се почувствувате и вие поврзани со старите божества во кои верувал народот.


Kumanovo Kokino

Повеќе информации за општината и регионот на официјалните страни.


 



 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.