Берово

Берово е градска населба во крајниот источен дел од Република Македонија. Сместено е во централниот дел на областа Малешево.

Берово се наоѓа на надморска висоцина од околу 800-900 метри. Со регионални патишта непречено комуницира со Кочани, Пехчево и Делчево и со Струмица. Преку нив понатаму одржува комуникации со останатите делови од земјата. Настанувањето на населбата датира од периодот на XVI-XVII век. Се одликува со перманентни миграциски движења. Поинтензивно се развива од втората половина на XIXвек наваму. Понагласен популациски и стопански развој rратчето забележува по Втората светска војна. Бројот на населението во 1953 година изнесувал околу 4.000, а во 2002 година околу 7.000 жители. Претставува главен стопански, културно- просветен, здравствен и управно-административен центар за областа Малешево.  

 

 

Музеј во Берово - прекрасна зграда во центарот, реконструирана во духот на оригиналната архитектyра од крајот на ХIХ век, еден од препознатливите елементи на градот

Бел бор, претежно распространетна Mалешевските планини.  Од овој предел не може да си заминете без боровиот мед.

 

Суви Лаки - атрактивна викенд-населба на патот меѓу Берово и Струмица со живописна природа и прекрасни услови за излети и рекреација.

 

Во крајниот источен дел на Македонија, во Малешевијата, природата насликала идилична слика што мора да се погледне и да се доживее. Питомите и кротки  пејзажи на Малешевските Планини се еднакво прекрасни во сите годишни времиња, без разлика дали ќе ги посетите кога се обелени од снег или кога во пролетниот воздух се разнесува мирисот на планински чај.Бисер на Малешевските Планини е Беровското Езеро. Ова вештачко езеро се простира покрај извишени борови стебла. Сместено е до селото Ратево, на 6 километри од градот Берово, на надморска височина од 1000 метри.Околината на езерото изобилува со прекрасни терени за излет, рекреација и спорт. Во мај може да ги сведочите расцутените борови, а во јули и август да се искапете во езерските води. Постојат пет пешачки патеки, на некои од нив може да се упатите со велосипед. Постои и трансверзална патека која го спојува најјужниот и најсеверенниот дел на Малешевијата, со должина од 45 километри и висинска разлика од 730 метри – таа претставува предизвик и за најголемите ентузијасти.

Дојдете во околината на Беровското Езеро и уверете се во чистината, шарите на природата што досега не сте ги виделе, богатството со диво овошје и билки. Ако имате можност, може да се искачите и на бачилото Клепало, на 1350 метри височина, да се одморите и да вкусите традиционална храна, еко-производи и некој од автентичните малешевски специјалитети.

 

 

Кликнете овде за да ги видите сместувачките капацитети во Берово

Кликнете овде за да ги видите туристичките водичи во Берово

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.