Пат Е75 Македонија - Европски автопат


Автопат Е75 Македонија

Овој автопат е дел од мрежата меѓународни европски патишта (Е-патишта), серија главни патишта низ Европа. Европскиот пат E75 започнува во Варде, Норвешка во Баренцовото Море, продолжува јужно низ Финска, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Србија, Македонија, па сѐ до Ситија на островот Крит во Грција. Поголеми градови каде што минува овој пат се: Хелсинки, Гдањск, Лоѓ, Братислава, Будимпешта, Белград, Скопје и Атина.


avtopat E75 Makedonija

Европски пат E75 во Македонија

Овој европски пат E75 поминива низ срцето на Македонија, сечејќи ја на пола. Од Скопје, Велес, винскиот регион, па се до Гевгелија, автопатот продолжува во Грција. Попатно, Македонија нуди атракции за посетителите кои транзитираат низ земјава. Со процена дека околу 2 милиони туристи само во летната сезона го користат овој пат за да стигнат до својата дестинација, нуди одлични можности за развој на туризмот. Голем број на капацитети за сместување, ресторани, кафе барови и други угостителски и сместувачки објекти се изградени долж автопатот.


avtopat E75 Makedonija

Вински регион

Во Македонија постојат 3 вински региони кои се поделени на 16 виногорја, а Тиквешкото виногорје е главен производител на винско грозје и вино. Демир Капија е составен дел од овој регион, град долж европскиот пат E75 каде можат да се посетат голем број на винарии.


avtopat E75 Makedonija

Археолошки локалитет Стоби

Стариот град Стоби Stobis, Vetere, Urbe, како што го нарекува римскиот историчар Ливиј, подигнат на влевот на Црна Река во Вардар, е најголемиот град во северниот дел на римската провинција Македонија, подоцна главен град на провинцијата Macedonia Secunda и значаен урбан, воен, административен, трговски и религиозен центар на две големи империи: римската и рановизантиската. Сместен во срцето на Македонија, на крстопатот меѓу егејскиот свет и централниот Балкан, во текот на целокупниот период од своето постоење, тој претставувал средиште, во кое се слевале културните придобивки на античкиот свет. Денес, остатоците на овој надалеку познат археолошки локалитет се еднакво лесно пристапни од меѓународниот пат Е-75, што го чини Стоби мошне популарна туристичка дестинација во Македонија. Ноќната илуминација на градските ѕидини и откриените градби дополнително ја нагласуваат неговата атрактивност и убавина.


avtopat E75 Makedonija

Гевгелија

Покрај Вардарската долина, низ општина Гевгелија минуваат коридорот 10 (магистралниот пат E75) и трансверзалата на железничката пруга Запад - Исток. Најблиските аеродроми до Гевгелија се аеродромот во Солун (Република Грција) на оддалеченост од 70 км и аеродромот во Скопје на оддалеченост од 163 километри. Градот Гевгелија лежи во рамниот дел на гевгелиската котлината, чии природни граници се: од исток реката Вардар, од југ Сува Река, на запад падините на Кожуф планина и на север излегува на Ридот Караорман и Мрзенскиот Рид. Вкупниот број на сончеви часови во годината изнесува 2392 часа, со што Гевгелија може да се спореди со одредени места крај Јадранското Море и бројни населби на Медитеранот. Просечната годишна температура во Гевгелија изнесува 14,3 степени , а најстуден месец во годината е јануари со просечна температура од 3,2 степени, додека најтопол е јули со просечна температура од 25,7 степени.


avtopat E75 Makedonija


Карта со корисни содржини



Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.