Кајакарење


Кајакарење во Македонија

Кајакарење како спорт е многу популарен во Македонија, особено на кањонот Матка и на Охридското и Преспанското Езеро. Езерата нудат одлични места за кајакарска регата. Мавровското и Дебарското езеро, без исклучок се идеални за самостојни кајакарски уживања и доживувања.


Македонија ве повикува сите на кајакарење!

Кајакарска Федерација на Македонија учествува и организира голем број на национални и меѓународни натпревари во кајакарење. Еден од најзначајните спортски настани за слалом кој се одржува во Македонија е Меѓународниот Илинденски кајак слалом (ИКАС) во спортско-рекреативниот центар Матка, за прв пат организиран далечната 1969 година. Кајак- спустот по течението на реката Вардар привлекува многу европски и светски љубители на оваа спортско - рекреативна дисциплина.


Кајакарење

Авантуристичко кајак уживање по кањонот Матка

Кајакарење е идеален спорт за летните денови, забавен и корисен за здравје и рекреација. Кајакарството е спортско - рекреативна дисциплина, која бара посветеност и истрајност. Ова е одличен спорт за оние кои сакаат забава, вода и адреналин. Покривајќи површина од околу 5000 хектари, Матка е една од најдобрите дестинации на отворено во Македонија, која овозможува незаборавно кајак искуство по брзаците на реката Треска. Дестинација на која може да ја посетите пештерата Врело, која е лоцирана во кањонот Матка и да ги истражите природните убавини што ги нуди кањонот и езерото Козјак.


Кајакарење Матка

Водна кајак авантура по Преспанско езеро

Преспанско езеро е биосферен резерват на УНЕСКО, кој се протега на територијата на три држави – Македонија, Албанија и Грција. Кајакарење со професионален инструктор од селото Стење до селото Коњско и уживање во Преспанското езеро и националните паркови Пелистер и Галичица. Попатна посета на живиот манастир Св. Илија и запознавање со традициите и правилата на православниот монашки живот. Дегустација на дел од најубавите македонски специјалитети – Ѓомлезе и Преспански Крап.


Кајакарење Преспанско Езеро

За сите авантуристи кајакарење околу Охридско езеро

Природни убавини и бајковити пејсажи кои ќе ве остават без здив со секое веслање со кајакот по Охридско езеро.




 

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.