Галичица

Во југозападниот дел на Македонија, налик на пречник што ги изделува Охридското и Преспанското Езеро, се простира прекрасната планина Галичица. Дел од планината претставува национален парк, а заедно со градовите Охрид и со езерото, ставена е под заштита на УНЕСКО.

Интересно е што Галичица е карстна планина, па поради тоа е сиромашна со површински води. А сепак, теренот има голема застапеност на реликтни растенија, при што 11 растителни видови може да се сретнат само на ова место, а регистрирани се и 26 ендемични животински видови. Тоа се должи на големото количество дожд во текот на годината. Посебно фрапантна е бројката на пеперутките – 1644 видови на толку мал простор.

 

 

Љубителите на природата и планинарите може да им се воодушевуваат на маркантните глацијални циркови, на пештерите Волја, Наумова Пештера и на Самотска Дупка, која е најдолга, со канал од 279 метри. Најатрактивен пат што може да го одберете е оној што минува низ планината и ги поврзува охридското и преспанското подрачје. Ако пешачите или возите велосипед по асфалтираниот пат, ќе стигнете во централниот дел на висина од 1550 метри. Тука ви се открива најубавиот видик, затоа што под вас се простираат двете величенствени езера – Охридското и Преспанското. За поупорните планинари – предизвик е врвот Магаро, а за храбрите параглајадеристи, Галичица е вистинската дестинација.

 

 

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.