Струмица

Струмица е населба од предсловенскиот период. Најстариот податок за постоењето на градот датира уште од 181 година п.н.е., каде населбата се споменува како Астранон (град на ѕвездите) како главно место за престојување на пеонското племе Астрон. Како римско-византиски и црковен град, во средниот век се споменува како Тивериопол. Струмица е словенско име на градот, добиено според името на реката Струмица, деминутив од името на Струма.

На сегашното место градот е обно вен во IX век од страна на царот Самуил. Во тој период прераснува во важен сообраќаен и воено-стратешки центар. По неговата смрт во 1018 година и распаѓањето на Самуилавото царство, Струмица е византиско воено-стратегиско и управно средиште за овој дел од Македонија, а продолжила да егзистира и Струмичката епархија. Таквата улога ја имала до крајот на XII век. Од XI до XIV век потпаѓа под повеќе сфери на интерес од Византија и средновековна Србија и Бугарија. Кон крајот на XIV век потпаѓа под османлиско ропство. 

 

Бањата Банско е термоминерално лекувалиште од античко време и еден од ретките сочувани римски споменици од ваков вид во Европа, со штедрост од над 50 л/сек. Се наоѓа на околу 12 километри источно од Струмица, во подножјето на планината Беласица. На површина од 1.000 м се откриени десет простории, чии ѕидови се зачувани во височина од 2 до 6,7 метри. Лековитата римска бања (терма) имала простории за соблекување, сауна, базени со топла и студена вода. Најверојатно потекнува од 111 век, од времето на римскиот император Каракала, познат по подигањето и обновувањето терми низ Империјата. Постојат вкупно пет термоминерални извори, од кои само еден, најгопемиот, е стручно каптиран. Тој се слива во главната бања наречена „турско купатипо", а друrите четири слободно се излеваат. Температурата на водата во главниот извор кој го снабдува „турското купатило" е на околу 71'С и не се менува во текот на годината, што докажува дека водата потекнува од голема длабочина, без атмосферски влијанија. Бањските води се сметаат за лековити за најразлични заболувања, во прв ред ревматични. Случајно откриена при копањето на темелите за хотелот „Цар Самуил" во 1978 година, денес базените со природна вода можат да се користат во рамките на хотелот, каде може да се проба и јајце сварено во топлите извори, со специфичен вкус. Во околината на бањата се наоѓа шума одлипи и костени и повеќе бистри планински потоци. Папратот од ова македонско поднебје е заштитен од ООН. Целиот бањски локалитет нуди одлични сместувачки капацитети и услови за комбинирани видови туризам. 

Двата живописни водопади претставуваат задолжително место за посета во Струмичко Смоларски водопад.

Смоларскиот водопад се наоѓа во непосредна близина на селото Смоларе, на планината Беласица, на надморска висина од 600 метри. Тоа е објект со височина од околу 35 метри. На дното од водопадот е формиран циновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува пет метри, широчината му е 11 метри, а длабочината е околу половина метар. До него има изградена пристапна патека и уреден локалитет за посетители со туристичко-рекреативна функција.

 

Колешински водопад

Колешинскиот водопад се наоѓа во долниот тек на реката Баба на надморска висина од 500 метри. Има височина од 15 метри и широчина на падот од околу шест метри. Според настанувањето, се вбројува во тектонски водопади. Во непосредна близина од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади и слапови распоредени во низа со височини до околу пет метри.

Групна венчавка на Колешинскиот водопад - Од првата групна венчавка со дваесетина брачни двојки во 2008 година, под покровителство на општина Ново Село и со благослов на МПЦ-ОА, традиционалниот августовски церемонијално групно венчавање добива поголем интереси посетеност

 

 

Манастир Св. Леонтиј, с. Водоча (ХI век) полни со монаси и црковно-богослужбено живеење, возобновените конаци повторно станаа резиденцијален комплекс на Струмичката епархија.

Манастирот се наоѓа во селото Водоча, кое своето име го добило според грозоморниот настан од 1014 година, кога на тоа место под беласица на 14.000 војници на царот Самуил им биле извадени очите од страна на Византијците. Манастирот долго бил епископска резиденција на Струмичката епархија. Низ македонскато лошо историско минато бил пустошен и неговото културно богатство било разнесувано во соседните земји.

Изграден е врз ранохристијанска базилика од V u VI век, чии темели се зачувани со остатоци од црквата: има делови од олтарната апсида, од проскомидијникот и ѓакониконот од VI u VII век. Исто така, со археолошките истражувања во манастирскиот комплекс во Водоча се откриени преку 1.000 гробови со накит и керамика од XIV до ХIХ век. Водочкиот манастир има зачувано средновековно фрескосликарство со големо значење. Сликарството се карактеризира по издолженоста на тепата и цврстата моделација на главите на светителите. Насликани во периодот од 1018 и 1037 година, фреските од Водоча се вбројуваат меѓу ремекделата на средновековната уметност во византиското сликарство воопшто. 

 

Манастир Св. Богородица Елеуса, с. Вељуса (ХI век) една од најстарите македонски цркви, која никогаш не била уривана ниту обновувана како што е изградена, таква е и денес, со отпечатоци од забот на времето

Манастирот се наоѓа над селото Вељуса кај Струмица, прекрасна панорамска глетка на Струмичкото Поле. Манастирот и конаците се познати по архитектурата, фрескоживописот, мозаичните подови и мермерниот иконостас. 3а неговото потекло од ХI век ни сведочи мермернаrа плоча со натпис на ктиторот, струмичкиот епископ Манојло и годината на изградба, 1080. Плочата со натписот и најдобрите икони, во текот на Првата светска војна се ограбени, а манастирот запален, но не изгорел. Како сведоштво и последица од тоа се исчадените фрески. Некогаш овој манастир бил машки, а во Водоча имало сестринство, додека денес е обратно.

Со ликовните вредности и раскошната ризница од скапоцени уметнички творби манастирот ги надминува сите постојни уметнички остварувања на црквите во струмичката средина. Целосно зачувана композиција од времето на изградбата е Слегувањето во пеколот. Постојат и други, делумно зачувани композиции од тој период, како и познатиот Вељушки крст  единствен од ваков тип во светот. Пред олтарот има фрагменти од мозаичен под. Според изворно богатата историска документација зачувана за овој манастир (достапна во Светогорскиот манастир Ивирон), црквата Сеета Богородица Милостива (Елеуса) го зазема едно од најзначајните места во црковната и културната историја на балканот.

 

Цареви Кули

Најстарите откритија за тврдината издигната на ридот југозападно од Струмица говорат за живот уште пред Римската Империја праисториско време до средниот век. Според  некои археолози, тоа би можеле да бидат остатоците од античкиот град Астраион. Сите досегашни наоди укажуваат дека на овој : локалитет опстојувале разни цивилизации во период од околу седум илјади години.

Тврдината е изградена на зарамнето плато на врвот од ридот, кој мошне стрмно се издига над Струмица на надморска висоцина од 445 метри, од каде е можна прегледност над целата Струмичка Котлина. По рабовите се наоѓаат остатоци од одбранбен ѕид, од кои западниот во должина од четириесетина метри е добро видлив и денес. Со своите дебели бедеми, Кулите претставуваат споменик за падот на средновековната македонска држава на царот Самуил во 1018 година. Служела како утврдување и во османлискиот период.

Во тврдината се пронајдени византиски монети од ХII u ХIIвек. Откриени се шест фрагментарно мегарски чаши од хомеровски тип, мошне ретки на овие простори, кои потекнуваат од 11 век п.н.е. Откопани се и антички монети од времето на последниот македонски цар Персеј, како и фрагменти од средновековен фрескоживопис од ХII u ХIII век. Новопронајдените монети со ликот на Филип II, потоа амфори, садови, кантароси, накит, фрагменти од сликани вазни, црнофиносувана керамика, фигури од малоазиски тип и други артефакти, укажуваат на тоа дека Струмичката тврдина активно живеела кон крајот на четвртиот век пред нашата ера.

Во периодот на турското владеење, Струмица има улага на посредничко место за размена на 3емјоделска и мануфактурна стока. Таквата улога ја задржала и по изградба- та на Вардарската железница, кога преку неа од Удово се пренесувала стока за Источна Македонија. Ваквата улога во реонот овозможила и на- гласен раст на населението, со што во периодот пред Балканските војни Струмица броела 18.000 жители. По Балканските војни и Првата светска војна, поради иселуваље на муслиманското население во Турција, бројот на жители во градот се намалил. Тоа негативно се одразило врз занаетчиството и тргавијата. Со поставуван е на границата кон Грција, бројот на населението продолжил да опаѓа, така што во 1921 година се евидентирани околу 6.000 жители. Во периодот меѓу двете светски војни Струмица е мало занаетчиско rратче со неразвиено стопанство.

После Втората светска војна, Струмица стопански и популациски континуирано расте: од 10.868 жители во 1948 година до околу 35.000 жители во 2002 година. Нагласен е порастот по 1961 година поради доселување на селско население во градот. Покрај земјоделието (градинарските култури и тутунот), градот се одликува со развиени дејности од секундарниот (прехранбена, текстилна и тутунска индустрија) и терцијарниот сектор.

Градски плоштад „Гоце Делчев"

Плоштадот е изградем на две нивоа и зафаќа вкупна површина од 27 илјади квадратни метри. Една третина од таа површина отпаѓа wa подземната саобраќајна инфраструкryра (под- земни улици во должина од 420 метри со подземната раскрсница м гаража за 96 возила), а 18 илјади квадрати ма надземниот поплочен прастар со саат-кула, две фонтани и со целокупна инсталација на урбани, културни, традиционални, еколошки, хортикултурни и други содржини. Тука е вклопен постојниот споменик на Гоце Делчев, бронзената фигyра „Струмичанка под маска" посветена на Меѓународниот стру- мички карневал и 27 јарболи со знамињата на земјите-членки на Европската Унија. Пуштен во употреба во 2010 година, плаштадот веќе претставува пешачки остров во Струмица и еден од неодминливите модерни градски белези. 

 

Кликнете овде за да ги видите сместувачките капацитети во Струмица

Кликнете овде за да ги видите туристичките водичи во Струмица

Кликнете овде за да ги видите туристичките агенции во Струмица

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.