Смоларски водопад

 

 

Смоларскиот водопад е сокриен меѓу столетните букови дрвја над селото Смоларе, по долниот тек на реката Ломница, позната и како Смоларска Река. Овој е единствениот постојан водопад во Македонија. Патот до него минува низ неколку села што ја чуваат руралната традиција, а искачувањето кон водопадите открива прекрасна глетка на Струмичката котлина.

Со висина од 39,5 метри, Смоларскиот водопад е највисокиот во земјава. Тој претставува геоморфолошка, геолошка и хидролошка посебност. Планинската патека што води до водопадот е прекрасна можност да ја засведочите чудесната природна убавина околу вас.

Доколку сте обучен љубител на екстремни спортови, како што е кањонскиот спорт, тогаш со потребната алпинистичка опрема може да се впуштите во предизвикот да се спушштите по должината на водопадот. Адреналинот загарантирано ќе се покачи.

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.