Крива Паланка



Информации за Крива Паланка

Крива Паланка е основана во 1633 година, како утврдено место на патот што водел за Бугарија, со цел заштита на преминот во Криворечката Клисура. Во прво време местото имало стратегиска функција и го заштитувал градот од пљачкосување. Во XVII век, со развојот на рударството во Кратовско паралелно се развивало и во североисточниот регион, носејќи ја железната руда во Крива Паланка која понатаму се доработувала. Поради ова ковачкиот занает бил еден од најбројните во оваа општина во XVII и XVIII век.


Kriva Palanka

Развој на градот

Поинтензивен економски раст се забележува по Втората светска војна, кога градот територијално се развива и проширува. Тоа се рефлектирало и врз популацискиот раст: од 2.000 жители во 1948 година до околу 12.000 жители во 2002 година.


Стопански капацитети

Во стопанството, значајно место има земјоделството и индустријата. Кон Крива Паланка гравитираат околу 33 населби во Кривопаланечката котлина. Главната сообраќајна линија која минува низ овој пограничен град е патот Куманово-Страцин-К.Паланка –Деве Баир – Ќустендил (Р.Бугарија). Во оваа општина се одржуваат голем број културни настани. Воедно, не помалку се застапени и ликовните колонии, копаничарски колонии, интернационална школа за архитектура и друго.


Во поново време Крива Паланка се повеќе е вклучена и во меѓународната општинска соработка и во регионалните проекти на Европската унија, што придонесуваат за економски и културен развој на градот и околината и за подобрување на односите со соседите воопшто.


Манастир Св.Јоаким Осоговски

Манастир Св. Јоаким Осоговски, еден од најпознатите сакрални објекти во Македонија, се наоѓа 3 километри североисточно од Крива Паланка, на падините на Осоговските Планини. Изграден е уште во времето на византискиот император Манојло (1143-1180 г.), а посветен му е на пустиножителот и чудотворецот чие име го носи. Сочуваните записи и ракописи, кои денес се наоѓаат во разни словенски и европски библиотеки, а потекнуваат од овој манастир, укажуваат на ракописната традиција што овде се негувала со векови.


Kriva Palanka Sv Joakim Osogovski

Повеќе информации за градот и знаменитостите, можете да најдете на официјалната страна на општината.






Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.