Шопинг

 

 

Шопинг центри и пазари 

 

 

Стара Чаршија

 

Иако некои делови на Старата Чаршија биле уништени за да се направат улици и паркинзи, таа сè уште е една од најголемите на Балканот. Истата се развивала и менувала во текот на вековите, но сепак ја задржала нејзината оригинална употреба како место за шопинг.

Старата чаршија никогаш не била користена за живеење, туку отсекогаш била простор за шопинг и контактна зона на христијанското и муслиманското население, бидејќи тие живееле во одделни делови на градот. Таа е мрежа/структура од многу улици обрабени со мали продавници. Занаетите пак биле поделени меѓу христијаните и муслиманите.

Продавниците кои ги користеле сите имале иста големина, без разлика дали истите биле во сопственост на муслиман или христијанин. Секоја уличка била домаќин на различни занаети, а сите продавници од еден занает се наоѓале на една уличка (на пример, златарска уличка, чевларска, керамичка, шивачка улица итн.)

Продавниците ги затворале со дрвени капаци кои ги спуштале додека продавницата била отворена и стоката била изложена на нив. Старата чаршија била опкружена со пазари.

Се водело грижа за хигиената и различни пазари биле поставени на спротивните страни на чаршијата (на пример прехранбениот пазар се наоѓал на спротивната страна од пазарот на животни; пазарот за млеко, млечни производи и мед се наоѓал на спротивната страна од пазарот за дрво и сл.)

Покрај продавниците, во Старата чаршија постоеле и други објекти, како амами (турски бањи), анови (хотели), џамии и неколку цркви.

Надворешните ѕидови вообичаено биле опкружени со продавници, за да не остане просторот неискористен. Дури и денес е тешко да се пронајде нешто од овој објект.

 

Бит Пазар

 

Најголемиот зелен пазар во Скопје. Почнува каде што завршува чаршијата, а на истото место постои веќе неколку стотици години.

Прошетката низ него може да биде забавна, тука може да набавите евтино овошје, зеленчук, салати, сирење, зачини и цвеќиња.

Уште еден добар пазар за посетување е Зелениот пазар (Зелено пазарче) во близина на зградата на Парламентот, како и пазарот Буњаковец во близина на Соборниот храм.

 

Скопје Сити Мол  (Skopje City Mall)

 Најголемиот трговски центар во Скопје. Тука можете да ги најдете сите меѓународни брендови, како што се Зара (Zara), Манго (Mango), Спрингфилд (Springfield), Пул&Бер (Pull&Bear), Бершка (Bershka), Њујоркер (New Yorker), дрогеријата ДМ (DM) и супермаркетот Карфур (Carrefour).

Во шопинг центарот се наоѓаат и неколку Синеплекс (Cineplexx) кино сали, и сала за куглање.

 

Шопинг центар Рамстор

 

Рамстор (Ramstore) е шопинг центар изграден и организиран во американски стил, со убави продавници, ресторани, кафулиња и кино сала.

 

ГТЦ – Градски трговски центар

 

Најголемиот шопинг центар во градот. Изграден е во 1970 година, според проектот на архитектот Живко Поповски. Во него има кафулиња, ресторани, барови, банки, продавници, па дури и сала за куглање.

 

Супер Веро Центар

 

На булеварот Кузман Јосифовски – Питу се наоѓа уште еден шопинг центар од американски тип, неодамна изграден и е дел од ВЕРО групацијата.

Многу е простран, со огромен супермаркет, неколку ресторани и кафулиња, огромна продавница на брендот “Џамбо (Jumbo)“ (за целно пазарување) и сите видови на мали продавници за облека, аксесоари, T-Mobile/T-Home,  ONE и VIP салони и сл. Има добар паркинг простор.

 

 

ТЦ “Бисер“

Ова е понов шопинг центар со симпатични кафулиња, барови и продавници. Се наоѓа во скопската општина Аеродром. Многу млади луѓе од градот доаѓаат тука да го поминат своето слободно време.

Има продавници за мобилни телефони, електроника, облека и банки, а на спротивната страна на улицата има и супермаркет.

 

ТЦ “Буњаковец“

Ова е еден од оние шопинг центри каде што секој ќе најде нешто да си купи.

Се наоѓа на една од најфреквентните сообраќајници во Скопје, а вклучува голем број продавници и бутици.

 

Сити Галери (City Gallery)

 

Нов шопинг центар во Скопје со мноштво продавници со квалитетна и модерна облека.

 

Капитол Мол (Capitol Mall)

 

Станбениот комплекс “Capitol Residence” е суштинскиот дел на повеќенаменскиот бизнис – станбениот комплекс Capitol Mall & Residence, кој се наоѓа во срцето на општина Аеродром во Скопје.

Со изградбата на Capitol Mall & Residence се зголеми вредноста на околните простори и живеалишта, а поради нејзината површина се зајакна капацитетот на трговијата и бизнисот, и секако, доведе до зголемување на понудата и конкурентност на пазарот. 

Самиот комплекс дава значење на животниот стандард на граѓаните, што го прави атрактивен и урбан, со различни трговски марки, супермаркет, и зона со ресторани за брза храна, детски центар, фитнес клуб, со резервација и слободен паркинг простор, и многу други услуги. Едноставно кажано: Capitol Mall & Residence донесе еден нов стил на живот во Скопје и во Македонија.

Дизајнот на становите го одразува добро познатиот квалитет на градење на инвеститорот City Plaza Company, со внимателно разработени архитектонски детали и рационални решенија.

Capitol Mall & Residence е креиран со една идеја во глава: да биде оаза на удобно живеење за неговите резиденти – активни вработени луѓе кои го ценат квалитетот на животната средина за нив и за нивните деца.

 

Шопинг центар РЕМ Тетово

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.