Охрид


Географска положба на Охрид


Охрид е град во југозападниот дел на Македонија, на североисточниот брег на Охридско Езеро. Сообраќајно е поврзан со патишта кои водат кон Скопје, Битола, Дебар и Република Албанија. До него поминувал и стариот пат Виа Игнација, кој ги поврзува Јадранското и Белото Море, што било важна околност за развојот на Охрид во минатото. Во близина на градот се наоѓа Охридски аеродром, преку кој воздушниот сообраќај се одвива со одредени дестинации надвор од Република Македонија. Сообраќајот по водите на Охридското Езеро е од мало значење. Се користи во функција на риболов и за туристички цели. Единствена неповолност е отсуството на железничкиот сообраќај.


Охрид

Историјата за името на градот Охрид

Поради големиот број на цркви и манастири, градот Охрид е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Познат е и како „град на светлината“ што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид. Охридскиот регион е вклучен во светското населдство на УНЕСКО. Според една легенда, која ја запишале Браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите на кои лежи градот и гледајќи ја прекрасната околина извикал „ох-рид“, што во превод значи - каков убав рид. Од тогаш градот се вика Охрид. Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнид. Според податоците, градот прв пат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнид се наоѓал на патот Виа Егнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот.


Охрид историја

Историски податоци за Охрид

Охридскиот краj уште во втората половина на VIII век станал привлечно подрачjе за бугарската држава. За време на бугарскиот цар Борис I Михаил македонските територии во воено-административен поглед биле опфатени во неколку „комитати“. Охрид бил во комитатот што ги опфаќал Охридско-деволските краишта. Во 886 година Климент, по краткото задржување во бугарскиот двор, бил испратен во Македониjа со важна државна мисиjа.Како учител и епископ Климент заедно со Наум ги поставиле основите на т.н. Охридска глаголска книжевна школа. Благодареjќи на деjноста на Климент и Наум, градот Охрид, во втората половина на IX век станал словенски културен центар, а царот Самуил го претворил во религиозен центар и главен град на царството. Неговите тврдини и ден денес стојат високо над самиот град.

Самуиловата тврдина во Охрид

Формата на Самуиловата тврдина потекнува од времето на Самуил, макар што и по него постојат податоци за разурнувања и повторни поправки на тврдината од страна на турците и византијците. Се одликува со ѕидови со височина од 10 до 16 метри и дебелина од неколку метри. Од сите страни, со исклучок на јужната, која е свртена кон езерото, ридестиот дел на градот Охрид бил заштитен со високи ѕидови и кули во должина од три километри, близу охридското пристаниште. Со своите утврдувања и ѕидини го зафаќа целиот Охридски Рид.


На тврдината денес се сочувани 18 кули и четири порти. Делови од тврдината се простираат кон езерото и кон понискиот рид на стариот дел на Охрид. Во стариот дел на градот се влегувало низ три порти, од кои зачувана е само Горна порта. Во нејзините ѕидови се вѕидани многу камења со грчки натписи. Под делумно урнатиот надворешен слој во внатрешните ѕидови се забележуваат хоризонтални слоеви од тули со византиски формат.


Охрид tvrdina

Плажи на Охридското Езеро

Покрај градските плажи во Охрид и Струга, на потегот од Охрид до Св. Наум е распослана охридската ривиера: Горица

  • 4 км од Охрид
  • Плажа заградена со високи карпи
  • Идеален поглед на целата охридска ривиера
Славија
  • 4 км од Охрид, во месноста Свети Стефан
  • Една од најфреквентните плажи, уредена и чиста
Метропол и Белви
  • 8 км од Охрид, 100 метри од езерото
  • Два хотели со модерно опремени соби со поглед на езерото
Лагадин
  • Најдолга плажа – 285 метри
  • Се организираат разни забави со снег – пена, дожд и балони
Елешец
  • Автокамп на 10 км од Охрид
  • 700 легла во бунгалови и камп – приколки


Охрид плажи

Охридска пастрмка

Еден од ендемските видови е Охридската пастрмка, слатководна риба во Европа и е најблизок предок на видовите кои живееле на ова подрачје уште од Терциерот. Таа се разликува од поточната по сплеснатото тело, малата глава и ѕвездестите сиви дамки по телото. Бојата на месото кај некои од нив е бела, а кај некои розова. Максималната должина се движи од 25 до 60 см, а максималната тежина до 15,8 кг. Мелезите настанати со вкрстување на поточната и охридската пастрмка по телото имаат наизменично распоредени црвени кружни и сиви ѕвездести дамки како летницата. Охридската пастрмка е вкусна за јадење. Како еден од заштитните знаци на Македонија, таа се наоѓа и на македонските монети.


Охрид пастрмка

Светиклиментовиот манастир Св. Пателејмон, Плаошник во Охрид

Во близина на ранохристијанската епископска базилика во месноста Плаошник, во 2002 година беше осветен новоизградениот храм посветен на св. Пантелејмон. Св. Климент, бил голем градител на цркви и манастири, од кои најпознат е манастирот на Плаошник. Најновите архиолошки истражувања од 2000 година потврдија дека на ова место тој обновил поранешен манастир во форма на триконхос (тролисна детелина). Тоа сведочи за христијанскиот црковен живот во Македонија од I век од новата ера. Откриени се и 500 гробови на монаси, како и други богати наоди: позлатени одежди, крстови, иконит, реликвии...


Охрид Плаошник

На местото од манастирот на св. Климент, во XIV век била изградена нова црква, која во XV век Турците ја претвориле во џамија. Тогаш моштите на св. Климент биле пренесени во црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид, а по 530 години се вратени назад. Овде се наоѓала Охридската школа, жариште на словенската писменост, духовност и култура, која се смета за прв словенски универзитет во светот.


Охрид св.Климент

Манастир Св. Наум Охридски во Охрид

Изграден на висока карпа над самото Охридско Езеро, на најјужната негова точка. Манастирската црква посветена на Соборот на светите архангели, што во 905 година ја изградил Св. Наум и во неа се наоѓа и гробот на св. Наум, соѕидан во југоисточниот дел од нартексот, на истото место како и гробот на св. Климент.


Охрид св.Наум

Црквата е градена со основа во облик на триконхос (лист на детелина). Околу X до XIII век била потполно урната. Дури во XVI век на нејзините темели е подигната сегашната црква, доградувана и проширувана во неколку фази. Во втората половина на XVIII век била изградена куполата над припратата на црквата, а последното значајно обновување било извршено кон крајот на XVIII век (1799 година). Во натписот над западниот влез однатре се споменува дека живописувањето на црквата се случило во времето на игуменот Стеван во 1806 година. Тогаш е живописана и капелата со Наумовиот гроб. Сегашната црква има форма на впишан крст со квадрато пространство со купола, поставена на четири столбови. Гробницата на св. Наум е долепена градба со широка и ниска купола. Во манастирот и денес стојат столбовите со врежани глаголски и кирилски букви.


Св. Јован Богослов, Канео во Охрид

Оваа средновековна црква е позната по називот на некогашната рибарска населба Канео, што на латински значи “блескоти”, еден од најфотографираните охридски симболи. Манастирот Св. Јован Богослов е изграден и фрескоживописан во XIII век, а ктиторот на црквата и сликарите на фреските не се познати. Фреските се зачувани во кубето и во олтарниот простор и се прилично оштетени, поради тоа што црквата подолг период меѓу XVII и XIX век била делумно разурната и напуштена. Тогаш бил уништен поголем дел од живописот.


Во поновата историја на оваа црква се констатираат повеќе обнови и доградувања, а во 1889 година се поставува нов дрвен иконостас и се пресликуваат некои делови од стариот живопис. Првобитниот изглед на црквата Св. Јован Канео, еден од симболите на древниот Охрид, е вратен по конзерваториските работи во 1963 и 1964 година, кога била урната припратата со камбанаријата, кои биле доградени во XIX век. Тогаш биле откриени фреските во кубето. Постојат само делови од фреските од XIII век во куполата и апсидата. Прекрасни и специфични се двата ангела од Пречистувањето на апостолите, коишто се во царски одежди, што е реткост во живописувањето.


Охрид св.Јован Канео

Соборна црква Св. Софија (XI) во Охрид

Соборен храм во кој се востоличувале охридските архиепископи, во која е прогласено возобновувањето на Охридската архиепископија во 1958 година, оваа катедрална црква е една од најголемите комплекси на фрескоживопис на византиската уметност во Европа од XI век. Фреските од XI и од XIV век се од исклучително значење и наоѓаат свое место во сите научни изданија. Величествената припрата датира од 1313/14 година и е една од најубавите градби од тој вид во византиската и македонската градителска култура.


Охрид св.Софија

Црквата со декоративна фасада, ѕидана од тули и малтер, е посветена на св. Софија, што значи на Божјата Премудрост – Господ Исус Христос. Изградена е во X век врз темели на ранохристијанска базилика. Во ѓакониконот се насликани Шестмина римски папи, со што се искажува односот меѓу Цариградската и Римската црква пред 1054 година. Св. Софија во втората половина на XV век била претворена во џамија. Фреските биле варосани, куполата урната и срамнена со покривот, олтарната мермерна преграда отстранета, а над северозападното кубе било подигнато минаре. Денес, црквата има постојан богослужбен живот, а се користи и како концертна сала и музеј.

Црква Св. Богородица Перивлепта во Охрид

Годината на градење (во времето на византискиот император Андроник II Палеолог) ја дознаваме од текстот во натписот над влезот. Црквата претставува прекрасна целина на преубава градба и пребогат фрескоживопис. Меѓу народот е позната под називот Св. Климент. Така е од XV век, кога Турците до темел го урнале Светиклиментовиот манастир на Плаошник, а тука биле пренесени моштите на св. Климент. Таа станала и катедрален храм, односно станала храм на охридските архиепископи во времето кога Соборниот архиепископски храм Св. Софија бил претворен во џамија. Покрај првиот поглавар на МПЦ, во оваа црква се востоличени и следните тројца поглавари (Ангелариј, Гаврил и Михаил).Фрескоживописот е дело на зографите Михаил и Евтихиј, најпознатите имиња од своето време, кои работеле и во манастирите Св. Никита во Бањани, Скопско и Св. Ѓорѓи во Старо Нагоричани, Кумановско.


Охрид св.Богородица Перивлепта

Пештерски манастир Св. Еразмо во Охрид

Во средниот век, култот на свети Еразмо, антиохиски епископ  проповедник, бил реширен и на Исток и на Запад, а особено во Италија, Франција, па дури и до Шпанија. Во Македонија неговиот култ е развиен во охридскиот крај, бидејќи тој во Охрид се задржал долг период од својот живот и остварил значајна мисионерска дејност во македонските краишта. На својот ранохристијански проповедник Охрид му посветил прекрасен манастир, изграден во една пештера покрај патот Охрид-Струга, крај самиот брег на езерото. Фреските, меѓу кои и ликот на св. Еразмо, потекнуваат од XII век. Во близина е откриена и ранохристијанска базилика од III-IV век, посветена на св. Еразмо.


Охрид св.Еразмо

Св. Константин и Елена во Охрид

Црквата Св. Константин и Елена во Охрид се наоѓа во непосредна близина на црквата Св. Богородица Перивлепта. Изградена е од страна на јеромонахот Партениј. Претставува еднокорабна градба и поседува фрески од времето на изградбата, но и од наредните периоди, поточно од XIV, XVII и XVIII век.


Охрид св.Константин и Елена

Залив на коските во Охрид

Ова е всушност реконструирана праисториска наколна населба од XII-VII век п.н.е., поставена над платформа која ја држат дрвени колци. Тоа е новоотворениот музеј на вода, каде во водата се поставени пронајдените остатоци од древното живеалиште, нуркачка база и реконструирани тврдини од Римското Царство од II век.


Охрид Заливот на коските

На овој локалитет, на длабочина од три до пет метри се пронајдени остатоци од 6.000 дрвени колци, кои најверојатно потпирале заедничка платформа на која имало 20-тина дрвени куќарки. Според истражувањата, површината на населбата се простирал на 8.500 м2. Со оглед на тоа што биле изградени од дрва, трски и кал, живеалиштата биле подложни на пожари и биле често обновувани, на што се должи големата густина на колците (најдени се остатоци од изгорени дрва и јаглен). Платформата со копното била поврзана со подвижен мост, кој во текот на ноќта се подигал заради заштита од животни и непријатели. Моментално е реконструирана дел од населбата, кој брои седум куќарки изградени на платформа која е поставена над 1.200 колци кои се обработени за да бидат поотпорни и поиздржливи. Реконструирана е и внатрешноста на куќарките, што нуди интересно доживување за тогашниот начин на живеење.

Додатни информации






Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.