Охридско Езеро


Охридско Езеро- Неисцрпно дно на реткости

Еден од најубавите подароци на природата во Европа е Охридско Езеро и неговата околина. Доволно е само да го видите како мирува од далечина, да ги чуете брановите и да се загледате во бескрајното синило за да се вљубите во него. Езерото е лоцирано во југозападниот дел на Македонија, старо е меѓу 4 и 10 милиони години, и со тоа е најстаро на нашиот континент. На прв поглед може да ве збуни со својата големина, па да помислите дека е море. Површината изнесува 358,2 km2.


Охридско Езеро

Билјанини Извори

Охридско Езеро го карактеризираат подводни врутоци и извори што се наоѓаат по должината на источниот и јужниот брег, па затоа водата е неверојатно бистра. Проѕирност на некои места достигнува дури 22 метра. Најголем дел од површинските извори се наоѓаат кај манастир Св. Наум, а во непосредна близина на градот Охрид е еден од најпознатите извори – Студенчишта, познат како Билјанини Извори. Најголемата длабочина измерена на Охридско Езеро е меѓу селата Пештани и Трпејца се наоѓа на околу пет километри од езерскиот рег.


Охридско Езеро

Охридска пастрмка

Охридска пастрмка (науч. Salmo letnica) — ендемска слатководна риба што живее во Охридско Езеро, а припаѓа на семејството пастрмки. Максималната должина се движи од 25 до 60 см, а тежина до 15,8 кг. Карактеристично е тоа што по телото има наизменично распоредени црвени округли и сиви ѕвездести пеги. Како еден од заштитните знаци на Македонија, таа се наоѓа и на македонските монети. Во Охридско Езеро живеат повеќе од 200 видови ендемски организми, а некои од нив се неизменети од времето на терцијарот. Тоа се четирите вида сунѓери, од кои најпознат е еднемскиот трклезен сунѓер, реликтините видови полжави, реликтни видови алги.  А, едно од најспецифичните растенија е подводното растение „хара“. Инаку, градот и езерото се заштитени како природно-културно богатство од УНЕСКО.


Охридско Езеро

Плажи на Охридско Езеро

Покрај градските плажи во Охрид и Струга, на потегот од Охрид до Св. Наум е распослана охридската ривиера на Охридско Езеро, во која свој интерес може да пронајде секој турист.


Горица
  • 4 км од Охрид
  • Опкружување за чувство на спокој
  • Плажа заградена со високи карпи
  • Идеален поглед на целата охридска ривиера

Славија
  • 4 км од Охрид, во месноста Свети Стефан
  • Една од најфреквентните плажи, уредена и чиста
  • Најголема атракција е 75-метарскиот тобоган

Метропол и Белви
  • 8 км од Охрид, 100 метри од езерото
  • Два хотели со модерно опремени соби со поглед на езерото
  • Спортски терени, куглана, базени, сала за конференции, сауна, хелиотерапија, казино, фитнес

Охридско Езеро
Лагадин
  • Најдолга плажа – 285 метри
  • Се организираат разни забави со снег – пена, дожд и балони
  • Со посебно место за паркирање на скутери и глисери
  • Посебна атракција е платформата за релаксација, пијалак и дружење

Елешец
  • Автокамп на 10 км од Охрид
  • 700 легла во бунгалови и камп – приколки
  • Можност за престој со сопствени камп – приколки и шатори

Пливачки натпреварувања и регати во Охридско Езеро

Прекрасното Охридско Езеро е, всушност, најголем спортски терен во Македонија. Претставува идеално место за организација на пливачки натпреварувања и регати. Едрењето е еден од најстарите спортови на ова езеро, а првата едрилица е направена во далечната 1940 година. Здружете се со ветрот и дозволете му да биде ваш двигател по водите на едно од најстарите и најубави езера во светот.


Охридско Езеро

Секоја година, во втората половина на август, елитата на пливањето од целиот свет се собира во Охрид, на Охридско Езеро. Во Охрид се одржува пливачкиот маратон кој започнува од манастирот Свети Наум и се плива по должината на крајбрежјето на градското пристаниште, околу 30 километри пат. Од 1998 година Охридскиот пливачки маратон е влезен во Светскиот пливачки клуб под покровителство на ФИНА-Светската пливачка асоцијација.


Нуркање во Охридско Езеро

Неповторливо доживување е нуркањето во подводните археолошки наоѓалишта. Нуркањето е многу атрактивно и популарно во Охридско Езеро. Езерото е вистинска археолошка ризница и полно со ендемични видови флора и фауна. Како на пример, Охридскиот  тркалезен сунѓер кој живее на длабочина од 35 метри, нешто што ретко може да се најде на друго место. Заедно со професионалните инструктори секој турист може да ужива во дневните и ноќните прошетки покрај подводните археолошки наоѓалишта во Заливот на коските во Градиште. Посетителите се воодушевени од неолитската наколна населба која е единствена од вакв вид на Балканот и артефактите кои можат да се видат во Музејот на вода Залив на Коските.


Охридско Езеро

Повеќе информации за Охридско Езеро на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.