Дебар


Генерални податоци за Дебар

Дебар е град во западниот дел на Македонија и административен центар на Општина Дебар, која опфаќа уште и 17 села. Се наоѓа во Дебарското Поле, покрај брегот на Дебарското Езеро. Претставува центар на крајниот западен регион, кој главно е населен со Македонци од муслиманска вероисповед.

Името на градот Дебар

Голем дел научници тврдат дека името на градот Дебар е од македонско потекло, односно старословенскиот и другите словенските јазици. На старословенски јазик именката дебар (дьбръ) означува долина, котлина, што соодветствува со местоположбата и околината. Македонскиот просветител, преродбеник и учител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот во своите записи, патеписи и објавени статии во педесеттите години на 19 век, често го употребува зборот дебрина, дебрини за долини и котлини. Оттаму може да се заклучи дека името (топонимот) Дебар е образувано од физичко-географски, односно орографски термини со значење долина, односно котлина.


Info

Историјат на името Дебар

Но сепак името се споменува уште пред доаѓањето на Словените, односно зборот Дебар ѝ е познат на историјата уште пред нашата ера. Така во „Историја Уннов“ на стр.86 пишува: „Во 268 година пред Христа...Готите со 6000 лаѓи и 320 000 војници влегле во Св. Гора, го опседнале Солун, дошле до Дебар каде што се судриле со римската коњаница...“. Од ова произлегува дека градот е остаток од пражителите на тоа место, со чие име се нарекувала целата долина (deboros) и покраина. Оваа теза ја потврдува и чешкиот историчар Иречек, кој меѓу другото вели, дека зборот не е словенски, туку произлегува од латинскиот deboros, со значење котлина, долина.

Легенди за градот

Легендите на народниот раскажувач поинаку го толкуваат потеклото на името Дебар. Во свое време Дебар бил едно големо село, чии жители се занимавале со занаети и кираџилук. Кираџиите, патувајќи по стрмните патишта ги заморувале коњите, особено кога се враќале, бидејќи биле многу натоварени заморените коњи тие ги терале со „Ди-бре, ди-бре! “ и со времето овој назив останал да се употребува за седиштето на градот со прилично убав изглед.

Географска поставеност на градот

Градот Дебар се наоѓа во Котлина, на крајниот западен дел на Југозападен регион на  Македонија и воопшто на Република Македонија, близу до границата со Албанија. Од Скопје е оддалечен 131 км, а најблиски градови до него се Струга (52 км) и Гостивар (71 км). Градот лежи во југоисточниот дел на Дебарското Поле, во подножјето на планината Дешат (Крчин) на надморска височина од 625 метри. Тој е опкружен и со планините Стогово на исток и Јабланица на југ, кои го одделуваат дебарскиот крај, од соседните области Кичевско и Дримкол во Струшко. Градот се наоѓа на самиот брег до вештачкото Дебарско Езеро, кое е заезерено со изградба на браната Шпилје во 1969 година на вливот (утоката) на реката Радика во Црн Дрим, непосредно на јужниот крај на градот.


Info

Климатски услови

Климата во градот е мешовита од континентална и планинска со изразити одлики и на средоземноморската (медитеранската) клима. Силното климатско влијание од Јадранското Море, се чувствува од запад по долината и течението на Црн Дрим. Зимите во Дебар се одликуваат со обилни снежни врнежи. Поради високите планини, јадранското влијание и постоењето на вештачкото езеро пролетта и есента се одликуваат со голема влажност и врнежи, додека летата се одликуваат со пријатна свежина.

Специфики на Дебар

Низ Дебар минувал главниот пат Via Egnatia. Во тоа време градот ги опфаќал сите покраини од двете страни на средното течение на Црни Дрим - од Струга до Призрен, од Тирана до Кичево и од Елбасан до Гостивар. Сето тоа му придавало големо значење на економски центар на западната страна на Балканскиот Полуостров. Преку градот се движеле долги колони каравани во разни правци, за Албанија, Солун, Скопје.

Развој на градот

Покрај трговијата, во Дебар било многу развиено занаетчиството. Најмногу развиени занаети биле којунџискиот, терзискиот, ковачкиот, ѕидарскиот, потоа опиничарскиот, бојаџискиот, зографскиот, казанџискиот и др. Интересно е што со занаетчиство најмногу се занимавало само македонското население, додека албанското повеќе било трговско. Околното население повеќе се занимавало со земјоделство, а помалку со сточарство. Во почетокот на XIX век во Дебарско почнува да се развива печалбарството. Ова печалбарство го предизвика феудалниот поредок. Земјата се наоѓала во рацете на агите и беговите. Неа ја обработувало бедното македонско население, помалку и албанското.

Дебарско Езеро

Околината на езерото е прекрасен живопис надополнет со повеќе објекти во неговото опкружување. Дебарско Езеро, познато и како акумулација Шпиље, е подигнато на реката Црн Дрим во близина на македонско - албанската граница. Се простира по долините на реките Црн Дрим и Радика. Акумулацијата е наполнета во 1969 година и зафаќа површина од 13,2 км2, со корисна зафатнина од 70х106 м2. Има земјена брана со насипан чакал и глинено јадро. Наменета е за производство на електрична енергија и наводнување. На должина од 13 километри долж долината на Црн Дрим и 8 км долж долината на Радика, езерското опкружување го надополнуваат градот Дебар, бањите Косоврасти и Бањиште, манастирот во Рајчица, околните планински врвови. Езерото стана актуелно и за спортско-рекреативни и туристички цели.


Info

Дебарски бањи

Бања Косоврасти се наоѓа во подножјето на планината Крчин, непосредно покрај Радика во близина на Дебар. Изворот е со капацитет од околу 60 л/сек. Температурата на водата е 48 С и се одликува како сулфурно-сулфидна со голем степен на радиоактивност и присуство на алги погодни за лечење и за научни цели. Со ваквите карактеристики водата се користи за лечење на зголемен крвен притисок, ревматични заболувања, дијабетес, кожни заболувања, воспаление на дишните органи.


Info

Бања Бањиште се наоѓа во подножјето на Крчин северозападно од Дебар. Изворите се со штедрост од 100 л/сек и со температура на водата 38-48`С. Водата ги има истите одлики како и во бањата Косоврасти. Има мошне поволна просторна локација на надморска височина од околу 650 метри. Двете бањи се опремени со сместувачки капацитети.


Info

Манастир Св. Ѓорѓu Победоносец (ХI век)

Манастирот е лоциран во селото Рајчица, три километри од Дебар. Манастирските конаци биле изградени во 1835 година, а црквата била зографисана во периодот од 1840 до 1852 година. Денес е женски манастир. Во него се чува парче од крстот на Исус Христос и дел од моштите на св. Ѓорѓи Победоносец. Во манастирските конаци има простор за околу стотина гости кои, покрај духовниот мир, можат да го почувствуваат и животот на монахињите. Во неколку работилници, тие посветено и педантно изработуваат митри (украсни капи кои ги носат епископите за време на литургии), икони, бројаници и други црковни предмети. Митрите изработени овде се мошне квалитетни и барани од епископите.


Info




 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.