Дебарско Езеро


Дебарско Езеро - поинакво место кое крие посебна магија

Кога ке се одлучите да одите накај Охрид по мавровскиот пат, скршнете за миг од посакуваната дестинација и дозволете патот да ве одведе на едно поинакво место кое крие посебна магија. По патот за Дебар, ќе бидете заслепени од проѕирното синило на Дебарско Езеро, но и по малку ќе се изненадите од мирисот на сулфур. Дебарско Езеро кое се вклопува во природниот пејзаж во устието на реките Црн Дрим и Радика, тешко кој би помислил дека е вештачко езеро. Дебарско Езеро или Шпиље — вештачко езеро во западниот дел од Македонија, јужно од Дебар на местото каде што реката Радика се влева во реката Црн Дрим кај месноста Шпилски Мост. Се наоѓа во близина на македонско-албанската граница. Има површина од 13,2 км², 92 м длабочина и надморска височина од 580 м. Се користи како акумулација за ХЕ „Шпиље“.


Дебарско Езеро

Дебарско Езеро за страсните риболовци

Сместено во Дебарската котлина, на пет километри од Дебар, Дебарско Езеро има најголемо количество на вода во Македонија. Височината на браната на езерото изнесува 102 метри и се наоѓа на надморска висина од 587 метри. Минималната температура на езерото е 3 степени целзиусови, а максималната се искачува и до 23,9 степени. Дебарско Езеро е омилено меѓу страсните риболовци, не само од домашните туку и од соседните земји. Оние кои не биле на лов на крап или клен во Дебарско многумина ќе ви речат дека и не сте вистински риболовец. Недалеку од источниот брег на Дебарско Езеро се наоѓа Дебарскиот Остров, сместен околу 1 км северозападно од селото Праленик.


Дебарско Езеро за страсните риболовци

Дебарски бањи

Во близина на дебарските села Бањиште и Долно Косоврасти се наоѓаат познатите Дебарски бањи „Цапа“ уште попознати како бања Бањиште и бања Косоврасти. Водата во центарот е термо-минерална со оптимална температура од 38 степени Целзиусови. Според изминатите истражувања, водата која извира во близина на Дебарските Бањи Цапа, според нејзината лековитост е пласирана на прво место во светот. Бањата Косоврасти има најбогата сулфурна вода во Европа со температура од плус 40 степени Целзиусови. Особено специјален е дебарскиот бањски центар со исклучителната фанготерапија. Која користи кал од самиот термоминерален извор, а која потоа се обработува во специјална машина. Калта се користи како антицелулитно дејство, но и за лекување на разни видови болести. Покрај бањското лекување, бањскиот комплекс нуди можност за рехабилитација и релаксација.


Дебарско Езеро - Дебарски бањи

Рајчички манастир со поглед кон Дебарско езеро

Манастирот „Свети Георгиj Победоносец“, се наоѓа на два километри од Дебар и е метох на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“. Рајчички манастир има преубав поглед кон Дебарско Езеро. Манастирот датира од XVIII век. Централниот манастирски храм, кој е посветен на свети Георгиj, е изградена во 1835 година. А,  денес во него се чува честица од Крстот на кој бил распнат Спасителот, Господ Исус Христос. И, дел од раката на свети Георгиj, кој пристигнува во манастирот во ноември 2003 година од Света Гора.  Во храмот има резбан иконостас, кој е изработен во 1835 година, царски двери од XIX век. А, на иконостасот се наоѓа крст со Распетието Христово во резба, кој потекнува од XVI век. Фрескоживописот во црквата е почнат во 1835 година од Михаил и монах Даниил (син на Михаил, чие световно име било Димитар). Истиот е досликан во периодот од 1840 до 1852 година од Дичо Зограф.


Дебарско Езеро - Рајчички манастир Свети Георгиj Победоносец

Повеќе информации за Дебарско Езеро на следнава страна.





Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.