Кичево

Кичево

Крстопат за четири патни правци

Кичево лежи во средишниот дел на Кичевската Котлина. Има поволна географско-сообраќајна положба и претставува значаен крстопат за четири патни правци: на север преку превојот Стража кон Гостивар, Тетово и понатаму кон Скопје, на југ преку Пресека кон Охрди и Струга, на југоисток кон Демир Хисар и Битола и на исток преку долината на реката Треска кон Македонски Брод, а оттаму преку Барбарас кон Прилеп. Со железничката пруга, преку Гостивар и Тетово, се поврзува со Скопје.

Историски гледано, првпат се спомнува во почетокот на XI век (1018 година) во една повелба на царот Василие II под името Кицавис. Во средниот век градот бил важен војнички центар. Кон крајот на XIV век и почетокот на XV век започнува да се развива како трговско-занаетчиско место. Во XVIII век Кичево било седиште на каза. Изградбата на патот Скопје-Кичево-Охрид во 1919 година придонело за јакнење на неговата занаетчиско-трговска функција.

Кон крајот на XIX век и во почетокот на XX век градот броел околу 5.000 жители, а по Балканските војни опаднал на околу 1.000. По Втората светска војна Кичево популациски континуриано расте. Во 1948 година имало 7.280 жители, во 1961 година 10.324 жќители, во 1981 година – 22.479 жители, во 1994 година – 27.543 жители, а во 2002 година имало околу 30.000 жители. Посебно нагласен раст се забележува од 1961 до 1981 година, кога населението е двојно зголемено.

Во стопанството доминираат рударството и индустријата. Пресудни за стопанскиот развој на Кичево се присуството на рудните наоѓалишта на железо и неметали во околината на градот и изградбата на пругата со нормален колосек Скопје – Кичево 1952 година, кога Кичево станува важна товарна станица во Западна Македонија.

 

 

 

Тврдина Китино Кале

Китино Кале се нарекува едно специфично возвишение покрај Кичево. Во дадени временски периоди таму егзистирала главна населба, со два реда цврсти тврдини и неколку кули. Сеуште стои една од кулите, каде се најдени пари од времето на Александар Македонски и Јустинијан. Народната легенда вели дека во дворецот на Калето живеела Кита, една од сестрите на Крали Марко, по која Калето го добило името. Во 1741 година на дел од Калето бил изграден градски часовник, кој по наредба на српските власти бил урнат во 1938 година. Во XIX век на Калето живееле турски великодостојуници и управители. На платото од Калето сега е останата само основата. Останатиот дел е релативно сочуван и се наоѓа под земја. На Китино Кале во 1968 година е изградена спомен-костурница на борците од Втората светска војна. Во тој период Калето повторно станува центар на градот. Денес претставува археолошки локалитет, а целиот простор е уреден во форма на парк и претставува пријатно место за рекреација и дружење преку денот и за вечерни забави. Калето е главен објект од интерес за посетителите на овој крај.

 

 

 

Црква Св. Петар и Павле (1907)

единствена црква во градот со долга христијанска традиција

 

Првите христијански светилишта во Кичево се спомнуваат во V и VI век. Во Кичево порано имало три цркви, кои за време на османлиското владеење биле разрушени. Црквата Св. Петар и Павле е изградена на темелите на постар објект во 1907 година, а осветена е во 1917 година. Во 1943 година е надополнета со камбанарија, а денес се реконструира и надградува со други придружни објекти: крштелница, трпезарија, црковна библиотека. Со уредувањето на црковниот ентериер и екстериер се отсликува посебниот архитектонски склад и монументалност на црквата.

 

 

 

Манастирир Благовештение на Пресвета Богородица – Пречиста (XIV век)

свет храм за две религии: манастирска црква е така направена што под еден покрив, покрај христијанска, има и исламска орнаментика

Манастирот е посветен на Благовештение, а општото име му е Пречиста (од празникот Воведение на Богородица во храмот). Изграден е во 1316 година. Се наоѓа близу Кичево, на планината Цоцан, на надморска височина од 920 метри. Порано се викал Крнински манастир, според селото Крнино, што постоело во негова близина до XIX век. Денес Света Богородица Пречиста е женски манастир.

Во 1558 година манастирот бил изгорен до темел, а монасите успеале да се спасат преку подземни тунели. Манастирот имал печат од 1763 година. Во 1848 година биле запалени сите манастирски книги кои моментално се нашле таму, по наредба на дебарскиот грчки митрополит Мелетиј. Покрај тоа, богослужбата продолжила да се одржува на словенски јазик.

Сегашната црква датира од 1850 година. На новиот величествен храм работеле мијачките мајстори од тајфата на Дичо Зографот, кој го завршил олтарниот простор, а син му Аврам, триесетина години подоцна, го доработил фрескоживописот, кој плени со својата убавина. Со својата вредност се истакнуваат и прекрасниот иконостас, како и црковните книги, меѓу кои е Четвороевангелието од XIV век и Псалтирот од XV век. Во црквата се наоѓа извор на света вода, посветен на св. Богородица.

Во овој манастир на 2 август 2012 година МПЦ-ОА ги канонизира првите светители, тројца монаси-маченици од XVI век.

 

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.