Кичево



Местоположба на Кичево

Кичево лежи во средишниот дел на Кичевската Котлина. Има поволна географско-сообраќајна положба и претставува значаен крстопат за четири патни правци: на север преку превојот Стража кон Гостивар, Тетово и понатаму кон Скопје, на југ преку Пресека кон Охрид и Струга, на југоисток кон Демир Хисар и Битола и на исток преку долината на реката Треска кон Македонски Брод, а оттаму преку Барбарас кон Прилеп.


Историски гледано, првпат се спомнува во почетокот на XI век (1018 година) во една повелба на царот Василие II под името Кицавис. Во средниот век градот бил важен војнички центар. Кон крајот на XIV век и почетокот на XV век започнува да се развива како трговско-занаетчиско место. Изградбата на патот Скопје-Кичево-Охрид во 1919 година придонело за јакнење на неговата занаетчиско-трговска функција. Кон крајот на XIX век и во почетокот на XX век градот броел околу 5.000 жители, а по Балканските војни опаднал на околу 1.000, а во 2002 година имало околу 30.000-жители.


Во стопанството доминираат рударството и индустријата. Пресудни за стопанскиот развој на Кичево се присуството на рудните наоѓалишта на железо и неметали во околината на градот и изградбата на пругата Скопје – Кичево во 1952 година, кога Кичево станува важна товарна станица во Западна Македонија.


Тврдината Китино Кале

Китино Кале се нарекува едно специфично возвишение покрај Кичево. Во дадени временски периоди таму егзистирала главна населба, со два реда цврсти тврдини и неколку кули. Се уште стои една од кулите, каде се најдени пари од времето на Александар Македонски и Јустинијан. Народната легенда вели дека во дворецот на Калето живеела Кита, една од сестрите на Крали Марко, по која Калето го добило името. Денес тврдината Китино Кале претставува археолошки локалитет, а целиот простор е уреден парк и претставува пријатно место за рекреација и дружење.


Kicevo tvrdina Kitino Kale

Црква Св. Петар и Павле

Првите христијански светилишта во Кичево се спомнуваат во V и VI век. Во Кичево порано имало три цркви, кои за време на османлиското владеење биле разрушени. Црквата Св. Петар и Павле е изградена на темелите на постар објект во 1907 година, а осветена е во 1917 година. Во 1943 година е изградена и камбанарија.


Kicevo crkva Sv.Petar i Pavle

Манастир Благовештение на Пресвета Богородица – Пречиста

Манастирот е посветен на Благовештение, а општото име му е Пречиста (од празникот Воведение на Богородица во храмот). Изграден е во 1316 година. Се наоѓа близу Кичево, на планината Цоцан, на надморска височина од 920 метри. Порано се викал Крнински манастир, според селото Крнино, што постоело во негова близина до XIX век. Денес Света Богородица Пречиста е женски манастир.


Kicevo Manastir Bogorodica Precista

Во 1558 година манастирот бил изгорен до темел, а монасите успеале да се спасат преку подземни тунели. Во 1848 година биле запалени сите манастирски книги кои моментално се нашле таму, по наредба на дебарскиот грчки митрополит Мелетиј, но и покрај тоа, богослужбата продолжила да се одржува на словенски јазик.


Сегашната црква датира од 1850 година. На новиот величествен храм работеле мијачките мајстори од тајфата на Дичо Зографот, кој го завршил олтарниот простор, а син му Аврам, триесетина години подоцна, го доработил фрескоживописот. Со својата вредност се истакнуваат и прекрасниот иконостас, како и црковните книги, меѓу кои е Четвороевангелието од XIV век и Псалтирот од XV век. Во црквата се наоѓа извор на света вода, посветен на св. Богородица.



Повеќе информации на официјалната страна на градот.






Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.