Скијање и сноубординг


Скијање и сноубординг

Скијањето во Република Македонија е популарен спорт, што го ужива локалното население, како и странските туристи. Македонија нуди добри климатски услови за тој спорт. Алпското и нордиското скијање е главен настан кој се одржува за промоција на убавината на македонските планини.


Skijanje i snoubording

Настани за скијање во Македонија

Постојат два традиционални настани, кои се во организација на македонските скијачки работници. Мавровскиот меморијален турнир и Меѓународниот турнир во алпско скијање, исто така познато и како Шарски планински куп, се двата најпопуларни настани во Македонија, кои ги организираат месната заедница Бистра, и Попова Шапка, соодветно. Скијањето и сноубордингот се спортови кои се многу популарни во Македонија. Можете да скијате и да бордате на неколку места како што се Маврово, Шар Планина, Кожуф, Пелистер и Крушево.


Skijanje i snoubording

Центри за Скијање и сноубординг

Популарни скијачки центри во Македонија се Маврово, Попова Шапка, Крушево и Пелистер, а македонските туристички агенции веќе имаат пакети за еднодневни и повеќедневни посети на некоја дестинација која вклучува скијање или бордање.


Skijanje i snoubording

Ски центар Заре Лазаревски – Маврово

Маврово е познато по еден од нај убавите ски центри во Македонија ски центарот “Заре Лазаревски„ кој е сместен на падините на планината Бистра. Прекрасното Мавровско езеро опколено со високи и убави планини нуди одлични можности за туристите кои ќе одлучат зимскиот одмор да го поминат тука. Она со што располага ски центарот, како и услугите кои ќе ги добиете тука се следниве:

  • Единаесет ски-лифтови и три жичари со вкупна должина од 5.700 м. и капацитет од 11.100 патници на час.
  • Можност за скијање на висина од 1.255  до 1860 метри надморска височина
  • Професионална подготовка на патеките со помош на 6 ратраци
  • Должина на скијачките патеки под жичарниците 5.000 м. и должина на ски лифтовите од 10.000 м.
  • Осветлени и озвучени патеки – ноќно скијање од 19 ч. до 24 ч.
  • Кафе барови ( бачила) долж ски патеките на планината Бистра
  • Ски патрола, амбулантна моторна санка и други моторни санки, машина за правење вештачки снег
  • Просечна снежна покривка – 70 см.
  • Ски сезоната може да започне во ноември и да заврши најдоцна до април
  • Ски школа во која работат врвни ски инструктори

Алпско скијање:

Скијачки рути за алпско скијање: Патеки за почетници, патеки за напредни скијачи, патеки за натпреварувачи во алпско скијање.


Skijanje i snoubording

Други видови на скијање:

Ски центарот нуди одлични услови за љубителите на сноубордингот и многу услови за скијање на различен начин, како крос- кантри патеката  “Мирна долина„ долга 7.5 км или користење на 30км долгата патека на која се одржува мавровскиот комеморативен турнир (слободен стил). Ски центарот организира и меѓународни натпревари во слалом и велеслалом, сноубординг и др.


Skijanje i snoubording
Турно скијање - Free ride skiing

На територијата на паркот посебно на планините Бистра, Кораб и Крчин постојат идеални услови за турно и фри-рајд скијање, кое што е хит во светот. Националниот парк “Маврово„ работи на обезбедување на идеални услови за туристите кои ќе ги користат овие патеки во иднина а воедно истите ги промовира на повеќе значајни саеми ( на почетокот на 2011г. беа посетени меѓународните саеми за туризам во Берлин, Истанбул и Тел Авив). Моментално во соработка со Македонската асоцијација на професионални водичи во планина се подготвува екипа од 10 локални професионални водичи кои ќе ги услужуваат туристите кои ќе бараат вакви услуги.


Skijanje i snoubording

RENT-A-SKI

Изнајмување на ски опрема се врши на самиот паркинг во близина на ски центарот како и во самиот ски центар.


Ски сезони:

  • Старт на сезона- 15 ноември
  • Шпиц на сезона од 25 декември до 31 јануари
  • Сезона 01 февруари до 01 април во зависност од снежната покривка

Скијање во Крушево

Крушево е познат зимски туристички центар во Македонија. Негова предност е тоа што зимската сезона трае од месец Ноември до крајот на Март. Зимите се благи, сончеви и со доста снег. Скијачките терени на Бушова планина од двете страни се 1200м и 1400м. Љубителите на зимските спортови, ги користат скијачките терени недалеку од градот. Скијачките терени се наоѓаат на месноста Станич, која е опремена со ски-лифтови: Двосед скилифт со капацитет 720 лица/час; двосед скилифт 700 лица/час; едносед капацитет 600 лица/час. Скијачките клубови од Крушево организираат школи за скијање за почетници, со изнајмување на комплетна скијачка опрема. Постојат и терени за скијачи професионалци, а тоа е патеката што се наоѓа под жичарницата и скијачките патеки за нордиско трчање.


Skijanje i snoubording



 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.