Шар Планина

 

Шар Планина

Туристичкиот центар Попова Шапка е сместен во срцето на шарпланинскиот масив, на просечна надморска височина од 1700 метри. Поради тоа што се одликува со голем број сончеви денови, во летниот период претставува појдовно место за неколку планински искачувања и прошетки по живописните пејзажи, а теренот е идеален и за љубителите на велосипедизмот.

Секое лето овде се одржува планински велосипедски маратон „Шарски Води“. Попова Шапка има изоблиство на шумски плодови, боровинки, шумски јагоди и печурки, а во нејзината околина се простираат и неколку глацијални езера. Најкарактеристичната одлика на Попова Шапка е тоа што половина година е прекриена со снег.

 

 

Овде снегот паѓа од ноември до мај и со својата смирувачка убавина ги кани сите миленици на зимските спортови. Овој најстар и најпознат зимски спортско-рекреативен центар во Македонија го красат прекрасни скијачки терени со површина од 35 km2.

Попова Шапка располага со неколку скијачки патеки, три хомогенизирани патеки според стандардите на ФИС, две жичарници и девет ски-лифтови, со капацитет од 8000 скијачи на час. Во последно време, Шапка ја посетуваат сѐ повеќе љубители на сноуборд и на екстремно скијање.

 

Шарпланински куп

На овие патеки се одржува и традиционалниот Шарпланински куп во велеслалом и слалом. И да сте професионалец и да сте само рекреативец, скијачките патеки, чија должина изнесува околу 10 километри, ќе бидат вистински повод за уживање во снегот.

 

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.