Демир Капија

Демир Капија е лоцирана пред влезот на живописниот кањонски дел на Демиркаписката Клисура, непосредно покрај Вардар, автопатот и железницата Скопје-Солун. Спаѓа во пограничната територија со Република Грција, со оддалеченост на општинскиот центар од 60 километри од македонско-грчката граница. Населбата е рамничарска, на надморска височина 110-130 метри. Од Неготино е оддалечена 19 километри. Атарот е мал и зафаќа простор од околу 4км 2.

Во општина Демир Капија се сретнуваат разнообразни климатски карактеристики на медитеранска, континетална и планинска клима. Главно, преовладуваат два правци на ветрови: северен (Вардарец) и јужен (медитерански-југо). Средната годишна температура изнесува 13,8 степени. Температурата на замјиштето ретко е пониска од 0 степени, што е од посебно значење за развој на замјоделското стопанство. Годишната сума на сончеви часови изнесува 2.322,6 часа.

Демир Капија има важна географско-сообаќајна поврзаност. Познато е дека по долината на реката Вардар уште во дамнешни времиња минувал значајниот Вардаски пат, кој водел од Солун и Пела на југ, минувал низ Демиркаписката Клисура и ги поврзувал на север градовите Антигонеа (Неготино), Стоби, Била Зора (Велес) и Скупи (Скопје). По долината на Вардар денес води маѓународниот автопат Е-75, кој како и железничката линија, има големо регионално значење.

Демир Капија е населба со полјоделска функција и со значителен пораст на популацијата. Од 1.900 жители во 1961 година, во 2002 година бројот се зголемил на околу 3.500 жители.

 

Demir Kapija

 

Музеј на виното

Музејот во Демир Капија е основан во 2010 година и располага со три поставки: винска поставка, единствена од ваков вид во Македонија, ерхеолошка поставка и галерија со центар за прзентација. Со импозантна бројка артефакти, современи техники за презентација и ексклузивен ентериер, Музејот на виното станува неодминлива дестинација за домашните и странските туристи. Оваа културна ризница континуирано ги збогатува своите содржини.

 

 

Demir Kapija

 

Денови на традицијата

14 февруари

Традицијата на прославување на патроните на лозарството и винарството од античко време продолжува до денес со славење на христијанскиот патрон на лозарството св. Трифун. Манифестацијата е посветена на зачувување на традиционалните вредности и на културното наследство од овие краишта.

Во текот на манифестацијата се одржуваат натпревати за најдобро вино и ракија и најдобро подготвена традиционална храна, се организираат трибини поврзани со лозарството, изложби и аукции на архивски вина, како и разни културно-уметнички програми.

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.