Демир Капија


Местоположба на Демир Капија

Демир Капија е лоцирана пред влезот на живописниот кањонски дел на Демиркаписката Клисура, непосредно покрај реката Вардар, автопатот и железницата Скопје-Солун, на надморска височина од 110 до 130 метри. Градот, што има околу 3.500 жители, е оддалечен 60 километри од македонско-грчката граница.


Во општина Демир Капија се вкрстуваат повеќе климатски карактеристики. Има медитеранско, континентално и планинско влијание. Средната годишна температура изнесува 13,8 степени, а годишниот збир на сончеви часови е околу 2.322 часа.


Демир Капија има важна географско-сообраќајна поврзаност. Познато е дека по долината на реката Вардар, уште во дамнешни времиња минувал значајниот Вардарски пат. Патот водел од Солун и Пела на југ, минувал низ Демиркаписката Клисура и ги поврзувал на север градовите Антигонеа (Неготино), Стоби, Била Зора (Велес) и Скупи (Скопје). По долината на Вардар денес води меѓународниот автопат Е-75, кој како и железничката линија, има големо регионално значење.


Demir Kapija

Музеј на виното во Демир Капија

Музејот на виното во Демир Капија е основан во 2010 година. Располага со три поставки: винска поставка, единствена од ваков вид во Македонија, археолошка поставка и галерија со центар за презентација. Со импозантна бројка артефакти, современи техники за презентација и ексклузивен ентериер, Музејот на виното континуирано ги збогатува своите содржини и станува неодминлива дестинација за домашните и странските туристи.


Demir Kapija

Славење на СВ. Трифун

Традицијата на прославување на патроните на лозарството и винарството од античко време продолжува до денес, со славење на христијанскиот патрон на лозарството св. Трифун на 14 февруари. Манифестацијата е посветена на зачувување на традиционалните вредности и на културното наследство од овие краишта.


Во текот на манифестацијата се одржуваат натпревари за најдобро вино и ракија и најдобро подготвена традиционална храна, се организираат трибини поврзани со лозарството, изложби и аукции на архивски вина, како и повеќе културно-уметнички програми.


Demir Kapija

За повеќе тековни информации, посетете ја официјалната страна на општината.




Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.