Гостивар

 

ГОСТИВАР 

Гостивар е град во Горни Полог во Западна Македонија. Се распостила на левата страна на Вардар, непосредно на патот Скопје- Тетово- Гостивар –Охрид, со кракот кон Дебар. Низ градот поминува железничка пруга, која го поврзува со Скопје,Тетово, и Кичево.

Првпат се спомнува во една повелба на царот Душан во XIV век како мала селска населба. Од XIV до XVII век многу малку се знае за населбата и за време на австро-унгарско-турските војни и потоа долго време останува истиот статус на на населбата.

 Во педесетите години на XVIII век за прв пат се спомнува како град. Во тоа време во Гостивар постоел сточен пазарен ден, а се започнала и гостиварската чаршија.Пред тоа жителите на околните населени места добитокот го продавале во Тетово,Кичево и Дебар, но тие населби биле подалеку и патиштата кои воделе кон нив биле многу несигурни. Воведувањето на пазарниот ден го означило почетокот на општиот стопански развој на ова место. Гостиварската чаршија е оформена во втората половина на XIX век од тетовските и велешките трговци и призренските,крушевските и кичевските занаетчии. Кон крајот на XIX век поради полесно управување со тетовската каза, турските власти во Гостивар поставиле мидерлук. Така Гостивар добива статус на административен.

 

 

 

Click here to see the list of accomodation in Gostivar

Click here to see the list of touristic guides in Gostivar

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.