Гостивар



Гостивар - „Градот на гости“


Гостивар е град во Горни Полог во Западна Македонија, лоциран на надморска височина од 510 метри. Во близина на градот, во селото Вруток (5 км југозападно од Гостивар) се наоѓа изворот на најголемата македонска река Вардар.


Локација на Гостивар

Во близина на Гостивар се наоѓа најголемиот македонски национален парк Маврово. Гостивар е на 67 километри оддалеченост од Скопје, а соседни градови се, Кичево на 46 километри јужно и Тетово е на 27 километри северно. Тој е средиште на истоимената општина која зафаќа површина од околу 650 км2. Претставува административна, политичка, деловна и културна средина за околу осумдесетина илјади жители. Типична мултикултурна средина, во која живеат скоро сите националности во Македонија. Со добрата локација на градот, денес во него се развиени трговијата, индустријата и стопанството.


Mavrovo

Легенда за Гостивар!

Постои една легенда за градот, за потеклото на името на градот. Во средниот век градот бил многу посетуван од гости од сите краишта, а во летните денови по традиција, секоја година се одржувал голем трговски собир (панаѓур). Ваквата традиција продолжила и за време на Османлиската империја. Поради големата посетеност на населбата од луѓе од други краишта, турците меѓу себе на турски, често викале „гостивар“ (гости има). Тогаш во градот имало  многу гостилници, па се претпоставува дека „гостољубивиот град“ -„Градот на гости“ станал - Гостивар. Волкашин на сите свои деца им изградил „градови“ (тврдини). Градот тогаш бил место на Сувогорските манастири. Манастирските луѓе често ги посетувале чифлиците, каде што добро биле гоштевани. Легендата вели дека по „гостувањето“ и населбата била наречена Гостивар.


Културно- историски обележја

Пресвета Богородица е главна и катедрална црква на Гостивар, сместена на самиот плоштад. Изградбата на црквата Пресвета Богородица е започната во 1924 година, а нејзиното осветување е извршено во 1929 година. Во 2003 година на црквата извршен е поголем реставраторски зафат. Саат-кула e еден од нај знаменитите и препознатливи објекти во градот. Преку неколку часовници вградени во Саат-кула, таа сеуште е во функција и го покажува точното време. Саат-кула е еден од трите културно-историски обележја и се наоѓа и на општинските грб и знаме.


Info

Куќата на Даут Болетини или т.н Бегова куќа е прогласена за споменик на културата. Таа е уникатен примерок на автентичната староградска архитектура од 18 век и е еден од најзначајните културно-историски обележја во градот. Исто така Куќата на Ахмет Чако е редок пример на архитектура од османлискиот период објект од културното наследство на Македонија.

Повеќе информации за отоманските споменици во Гостивар може да прочитате во Водич за отомански споменици.

Најзначајното место за културните збиднувања во градот е Домот на културата АСНОМ. Во овој културен дом во текот на годината се одржуваат најзначајните културно уметнички настани. Библиотеката „Вук Караџиќ“ е сместена веднаш позади Домот на културата АСНОМ. Располага со над 8.000 наслови, односно над 80.000 книги.


Info

Туристичка атракција во околината на Гостивар

На работ на Полошката котлина се наоѓа селото Вруток. Познато по изворот на Вардар, истоимената хидроцентрала и специјализираните рибни ресторани со калифорниска пастрмка. Kако туристичка атракција, преставува една модерна селска населба со огромен потенцијал за еко туризам. Веднаш до селото се наоѓа изворот на најголемата Македонска река Вардар (388 км). Друг податок е зачуван и во списите на Мехмет-паша. Тука се наведува дека во 1608 година се споменуваат воденици. Името Вруток е добиено по самиот извор на Вардар. Исламски објекти се Џамија, Бектешиско теќе и Шелериско теќе. Во Вруточките рибници за прв пат била створена Златната Пастрмка, а подоцна и Сребрената, за сите гурмани кои дошле да ја посетат оваа туристичка атракција.







Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.