Кожуф


Кожуф - недопрена еколошка природа

Планинскиот масив Кожуф се простира на јужната граница на Македонија, па поради близината со Егејското Море, климата е контитнентално-медитеранска и затоа е идеална за кој било ден од годината. Ако навратите во потоплите денови, тогаш ќе се надишете чист воздух, во кој се насетува недалечното море и ќе уживате во природните убавини и ресусри. Кожуф е идеален за планински велосипедизам, јавање коњи, параглајдинг, пешачење, лов и риболов, како и за кајак на реката Точинца. Кожуф е недопрена еколошка природа во овој регион од Европа.

„Гол човек“

Кожуф Планина изобилува со огромен воден потенцијал. Од оваа планина извираат многубројни реки. Реката Дошница е една од најубавите и најчисти реки во Македонија. Од изворот под Зелен Брег, до местото каде што се влева во Вардар нема ниеден индустриски објект кој ја загадува реката. Таа е најчистата река во која опстојуваат пастрмката, кленот, ракот и други риби. На Кожув сè уште опстојува рисот како редок и заштитен вид.


Кожуф

Растителниот свет е богат на Кожуф со најразновидни видови, но секако најатрактивни се лековитите билки и растението „Arbutus andrahne“, кај народот познато како „гол човек“, кое е заштитено и со закон. Тоа е единс­тве­но зим­зе­ле­но др­во што два­па­ти го­диш­но ја ме­ну­ва сво­ја­та цр­ве­ни­ка­ва и луш­пе­ста ко­ра. Ко­га ќе го до­пре­те има­те чув­ство де­ка до­пи­ра­те неж­на чо­веч­ка ко­жа. Лис­ја­та му се јај­це­вид­ни, а цве­то­ви­те рас­по­ре­де­ни ка­ко гроз­до­ви.


Највисоките појаси имааат субалпски пасишта, а на околните бачила може да вкусите природни и еколошки млечни производи од козјо и од овчо млеко. До­кол­ку го по­се­ти­те Ко­жуф во пер­и­о­дот од ју­ли до сеп­тем­ври, ќе има­те екск­лу­зив­на мож­ност да де­гу­сти­ра­те ов­чо ки­се­ло мле­ко, пре­ле­а­но со пла­нин­ски мед и со све­жи шум­ски бо­ро­вин­ки, ја­го­ди, ма­ли­ни и ка­пи­ни. Ов­ча­ри­те го ви­ка­ле мр­ка­ло.


Рудникот Алшар

Како резултат на бурната вулканска активност во блиското геолошко минато на Кожуф, се бројните ретки минерали на западната планинска страна. Најголемата мистерија на Кожуф претставува најголемото наоѓалиште на талиумови минерали во светот – рудникот Алшар. Рудникот Алшар е познат во светски рамки по појавите на талиум, посебно минералот лорандит – еден од најретките минерали во светот. Лорандитот се користи во научни цели за детектираање на неверојатно ситни честички т.н. неутрини кои доаѓаат од Сонцето и укажуваат на тоа што се случува во неговата внатрешност. Поради тоа, за кожуфскиот лорандит е заинтересирана и НАСА.


Кожуф

Рудникот Алшар се наоѓа на 300 м оддалеченост од малото село Мајден. Во неговата внатрешност се влегува низ осум широки отвори во земјата. Се наоѓа околу 40 километри јужно од Кавадарци и ги зафаќа источните падини на Кожуф, а на исток е ограничен со западните падини на планината. Пределот Алшар е и значаен флористички локалитет, на кој се наоѓаат ендемните видови алшарска и арсенска темјанушка.


Туристички атракции на Кожуф

Без раз­ли­ка да­ли ќе дој­де­те на ски­ја­ње и сноубординг или на пла­нин­ски ве­ло­си­пе­ди­зам, пла­ни­на­ре­ње, ја­ва­ње ко­њи, ри­бо­лов, ви­син­ски спорт­ски под­го­то­вки или за наб­љу­ду­ва­ње пти­ци, на Ко­жуф ќе се чув­ству­ва­те ка­ко џи­но­ви, по­ра­ди не­до­пре­на­та при­ро­да – шу­ми из­ме­ша­ни од бу­ко­ви и од ело­ви дрв­ја. Си­те што има­ле мож­ност да го по­се­тат Ко­жуф оста­на­ле оду­ше­ве­ни од ам­би­ен­тот и уникатните туристички атракции. Бу­ко­ва­та шу­ма го да­ва нај­до­бри­от кис­ло­род за чо­ве­кот, кој во се­бе со­др­жи ан­ти­би­от­ски својс­тва. Ело­ва­та шу­ма про­из­ве­ду­ва кис­ло­род бо­гат со ете­рич­ни мас­ла што дејс­тву­ва сми­ру­вач­ки. Под вр­вот Мо­ми­на Чу­ка има 33 из­во­ра, за кои ло­кал­но­то на­се­ле­ние ве­ли де­ка има­ат чу­до­твор­на пла­нин­ска во­да.


Кожуф

Денес на површина од 2.000 хектари, на Кожуф се наоѓа скијачки центар, чија изградба започнала во 2001 година. Центарот е најсовремено опремен и располага со два ски-лифта со капацитет на носење по 3.000 скијачи за еден час до врвот на жичарницата, еден шестосед (единствен од таков тип на Балканот), ресторан, бачило, 16 апартмани и скијачки патеки во должина од 16 км. Овој центар располага и со опрема за вештачки снег. Најновиот ски-центар во Македонија, кој е еден од најелитните во Југоисточна Европа, се наоѓа на планината Кожуф.


На Кожуф постојат и два извора на минерална вода. Најпосетуваниот туристички локалитет во општината е Смрдлива Вода, каде живописната природа не ви дава да здивнете. Локалитетот се наоѓа на надморска височина од 850 м, на оддалеченост од 24 километри од Гевгелија. Познато е по минералната вода и нејзината лековитост за стомачни заболувања и заболувања на желудникот и на бубрезите. Пределот нуди рекреација, чист воздух и посетеност во текот на целата година.


Повеќе информации за планината Кожуф на следнава страна.

.



Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.