Црн Дрим


Црн Дрим – бешумни извори на реката

Црн Дрим е река во Македонија што истекува и која припаѓа на јадранскиот слив.  Реката извира во близина на манастирот Свети Наум, минува низ Охридското Езеро и излегува од него кај градот Струга на надморска височина од 695 метри. Оваа река ја напушта Македонија во близина на градот Дебар на 476 метри надморска височина. Од 2013 година 6 мај се одбележува како „Ден на реката Црн Дрим“ чија цел е подигање на јавната свест за заштита на сливот на реката Дрим.


Река Црн Дрим

Сливот на Црн Дрим

На македонска територија Црн Дрим е долг 56 километри. Но реката има вообичаен тек само нешто помалку од една половина од таа должина и тоа од Струга па сè до селото Ташмаруништа. Напуштајќи го селото на север реката влегува во клисура. Веднаш по неа формира езеро благодарение на брана висока 82 метри лоцирана 10 км на север на другата страна на езерото. Браната ја формира акумулацијата „Глобочица“ создадена од водите на Црн Дрим.


Река Црн Дрим - сливот

Веднаш после хидроелектричната централа Глобочица, водите на Црн Дрим создаваат уште едно езеро со помош на брана висока 102 м во близина на градот Дебар. Дебарско Езеро е најбогато со вода вештачко езеро во Македонија. Езерото акумулира 520 милиони кубни метри вода. Од езерото со помош на тунели водата се спроведува во хидроелектричната централа Шпиље. Во овој момент водните капацитети на реката се искористени до максимум и таа претставува важен хидроенергетски потенцијал за Република Македонија. Во северниот дел на Албанија во близина на градот Кукс, повторно заезерува заедно со реката Бел Дрим. По утоката на Бел Дрим во Црн Дрим, реката тече се до вливот во Јадранското Море под едно име — Дрим.


Река Црн Дрим - Дебарско езеро

Флора и Фауна

Реката Црн Дрим го добила своето име благодарение на силикатните, ендемски алги со црна боја. Истите можете да ги забележите на дното на водата како треперат занесени во својот подводен танц. Во водите на Црн Дрим живеат најразлични видови на риби, како на пример крапот, кленот, јагулата, мрената и други. Охридската јагула со милениуми мигрирала од Охридското Езеро до Саргасовото Море заради размножување. Во втората половина на XX век со изградбата на двете брани на македонскиот дел и четири на албанскиот дел комплетно бил блокиран патот на јагулата. Браните се проблем и за други видови риби кои од Јадранското Море некогаш патувале до Охридското Езеро. Според светската црвена листа на IUCN, европската јагула се смета за критично загрозен вид.


Река Црн Дрим -

Црн Дрим место за одмор и рекреација

Реката Црн Дрим со својата клисура и двете вештачки езера станува се поинтересно место за рекреација. И, не само за спортските риболовци туку и за сите оние кои сакаат да уживаат во нејзината убавина. Во опкружувањето на езерцето, односно извориштето на реката Црн Дрим, покрај надалеку прочуениот манастир посветен на свети Наум се сместени уште три цркви. Тоа се црквата посветена на пресвета Богородица, која лежи врз темелите на постара црква, црквата Свети Атанасие. Црквата е сместена стотина метри полево од неа и од скоро изградената црква посветена на света Петка, која се наоѓа од другата страна на езерцетоо веднаш под манастирот Свети Наум.


Црн Дрим место за одмор и рекреација

Струшките вечери на поезијата

Струшки вечери на поезијата се најголемата светска поетска манифестација што се одржува секоја година во градот Струга, покрај реката Црн Дрим. Манифестацијата е основно одбележје на градот како туристички центар и на неа присуствуваат најмалку 200 светски поети. Струшките вечери секоја година се вистински празник како за градот, така и за сите вљубеници на поезијата. Тие станаа значаен културен настан во светот на литературата. Манифестација низ која, како низ отворен прозорец, може да се види и чуе што се случува во поезијата, во таа "земја без граници". Името на Струшките вечери на поезијата е внесено во сите поетски карти на светот. Струга е во сите оние што ја посетиле и виделе. Таа е на патот да биде и во оние што допрва ќе ја видат. "Ако постои некаде библиски небесен рај, со идеална убавина, тогаш едно негово овоземно катче е овој град", запис од посетител.


Река Црн Дрим - Струшките вечери на поезијата

Повеќе информации за реката Црн дрим на следнава страна.




 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.