Пелистер

Најстариот национален парк во Македонија, чија вкупна површина изнесува 12.500 хектари, се наоѓа во југозападниот дел на земјата, на северната падина на планината Баба. Паркот го добива името по највисокиот врв на планината – врвот Пелистер со надморска височина од 2.601 метар. Инаку, Баба е најјужна планина со алпски карактеристики на Балканот.

Оваа планина, која се смета за најпитома во Македонија, нуди задоволство и уживање за секого. Пределот е опкружен со прекрасни терени за планинарење, алпинизам и спортување, а претставува предизвик да се запознае во секое годишно време. Теренот е богат со природни феномени, невообичаени структурни белези и специфична геолошка конструкција, како што се камените реки и мориња, острите карпести гребени, камените прстени, тревните тераси и др.

 

Pelister

 

Двете глацијални езера, Големото и Малото Езеро, познати како Пелистерски очи, се оддалечени меѓусебно два километра и претставуваат прекрасно место за починка. Во пелистерските езера живеат ендемичната пелистерска поточна пастрмка (Salmo trutta peristericus) и пелагониската поточна пастрмка (Salmo trutta pelagonicus).

Планинската вегетација е несекојдневна и исклучително богата, а растителниот свет е разнообразен. Дури 29% од вкупната дендрофлора на Македонија расте на Пелистер. Најголема вредност од шумните дрвја има моликата, која е автохтон бор со терциерна старост, кој расте и до 40 метри. На Пелистер има молики што се постари и од 230 години.

 

Pelister

 

Снегот на некои места на оваа планина може да се задржи дури до јули. Доколку сте љубител на скијањето или на прекрасните зимски пејзажи, тогаш задолжително дојдете на Пелистер и згрејте се со планинскиот чај што расте на оваа планина. 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.