Стоби

Стоби е несомнено еден од најатрактивните, највпечатливи и најпознати антички градови на територијата на Македонија. Сместен во срцето на Македонија, овој локалитет е неодминлив дел за секој што сака да се впушти во археолошка авантура, да ги погледне културните придобивки на античкиот свет и да се насити од прекрасниот поглед на природата.

Големиот број откопани споменици, кои се единствени по својата убавина, претставуваат тивки сведоци за животот во предисторискиот и во хеленистичкиот период, а објектите и градбите во урбаниот комплекс укажуваат дека Стоби бил значаен урбан, воен, административен, трговски и религиозен центар на Римската и на Рановизантиската империја.

 

 

          Поради својата поволна географска положба, во текот на постоењето низ вековите, Стоби претставувал голема крстосница на античкиот свет и затоа не e зачудувачки што тука ќе сретнеме многу културни влијанија што навлегле од југот кон северот и од северот кон југот.

Во римско време, Стоби прераснал во главен град на провинцијата Macedonia Secunda, а имал и сопствена ковачница на монети. Подоцна станува значаен христијански центар и седиште на епископија.

Епископската базилика, античкиот театар, теодосијанската палата, куќата на Полихарм, големата бања и многуте други реликвии на богатото историско минато на овој антички град нема да ве остават рамнодушни, ќе ве фрлат в прегратки на историјата и ќе ви го одземат здивот со својата убавина.

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.