Хераклеја Линкестис

Древниот град Хераклеја Линкестис се смета за културна ризница на Балканот. Остатоците од овој град се наоѓаат на јужната периферија на Битола, во подножјето на планината Баба. Овој значаен археолошки локалитет е богат со разновидни наоди, кои претставуваат вистинска разгледница на хеленистичкиот и на римскиот период.

Хераклеја се протегала во северозападната граница на тогашната македонска област Линкестида и била еден од главните и најразвиени воено-стратешки центри на Балканот. Се смета дека градот бил основан од  кралот Филип II Македонски во средината на 4 век пр. н. е., иако според други научници се смета дека основач бил Филип V.

 

 

 

Низ вековите во градот се таложеле разни култури – овој општествен и културен центар бил заземен од Римјаните, напаѓан од Готите, прешол во рацете на Византијците, а најпосле прераснал и во еминентно епископско средиште.

Со особена убавина се одликува театарскиот комплекс. Архитектурата на театарот била доведена до степен на совршенство, затоа што се градел по строгите канони на Витрувиј и според пропорциите на римските театри. Ќе ве воодушеват и сакралните објекти откриени во Хераклеја: големата, малата и гробишната базилика и епископската резиденција.

Ремек-дело на ранохристијанската уметност е мозаикот на подот во нартексот на големата базилика. Подните мозаици на базиликите се исполнети со илјадници ситни камчиња поставени во совршена хармонија, на кои се претставени растителен и животински свет со илустрирани пораки од Библијата.

Убавините што ќе ги видете во Хераклеа подеднакво ќе ве восхитат како и она невидливото што само тука ќе можете да го почувстувате.

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.