Кратово



Кратово - град на средновековни кули и мостови

Се претпоставува дека на денешната локација на градот Кратово многу одамна постоел град под името Кратискара. Под името Кратис или Коритон каселбата се спомнува во византискиот период, а денешното име е добиено по местоположбата на градот во кратер на изгаснат вулкан. Релјефните услови на просторот условиле во Кратово да се развие посебен архитектонско-градежен пристап, односно типична кратовска архитектура.


Каде е лоциран Кратово?

Кратово е лоциран во североисточниот регион на Република Македонија и е сместено во југозападното подножје на Осоговските Планини во долината на Кратовска Река, лева притока на Крива Река. Со едноставна комуникативна врска Кратово на северозапад се поврзува со Куманово и Крива Паланка, а на југ со Пробиштип. Денес општина Кратово е административно- управен, просветен и здравствен центар во своето гравитациско подрачје, има околу 7.000 жители, а во стопанството водечка улога имаат рударството и индустријата.


Kratovo

Архитектурата на Кратово

Архитектурата на Кратово е карактеристична по типичната староградска македонска архитектура. Речиси во сите градби се среќава каменот и дрвната конструкција, пересте и плитар. Ваквиот начин на градба им овозможува еластичност и цврстина на градбите, во стилот на старомакедонската архитектура. Куќите се амфитеатрално поставени, со значително поголеми височини од долната во однос на горната страна. Претежно се двокатни, со надвиснати чардаци. Архитектурата на Кратово ја карактеризираат и тесните и стрмни улици, повеќе мостови, како и голем број традиционални занаетчиски дуќани и разни други индивидуални постари и понови архитектонски градби.


Стреите и таваните биле украсувани со декоративни штички. Чардаците скоро на секоја куќа се посебно обележје на кратовската куќа. Од самиот чардак зависело и обликувањето на куќата. Вратите на куќите се еден од најубавите и најобработени детали. Тие се среќаваат како еднокрилни или пак двокрилни. Речиси во секоја кратовска куќа се градел амам, односно бања за капење. Како посебна просторија во куќата го среќаваме огништето кое служело за загревање на просториите или за готвење храна.


Мостови во Кратово

Интезивната комуникација на луѓето во градот Кратово, неминовно придонела за градење мостови на Кратовска и Манцева Река. Кратовските мостови преставуваат соодветен израз на градителството во турскиот период кај нас. Во нив се вткаени вековните неимарски искуства на турско – словенското градителство. Тоа се мостови со витка линија, со главен лак, со прецизно изработена архиволата и имаат нагласена декоративна линија. Со обнова на занаетчиството и трговијата во 19 век, во градот се појавила потреба за изградба на нови мостови. Распоредени околу чаршијата, заедно со кулите, мостовите му даваат на градот средновековен лик и амбиент на град-музеј. Мостовите се градени од клепан камен, во облик на лак. Најпознат е Радиниот  Мост, но со својата убавина пленат и Грофчанскиот, Чаршискиот, Јокширскиот, Арryличкиот и Горномаалскиот Мост.


Kratovo

Грофчански мост

Се наоѓа меѓу Сарајски мост и Чаршиски мост низводно поврзувајки ја Ајдучка чаршија, со десниот брег на Кратовска Река. Овој мост е еден од главните комуникациски правци. Мостот е изграден во почетокот на 18 век од кратовската фамилија Грофчански, која се доселила од Мала Азија и била доста богата. Должината на мостот изнесува 30, ширината четири, а висината осум метри.


Грофчански сарај

Сарајот на богатата фамилија Грофчии бил изграден во почетокот на 16 век. Откако фамилијата целосно се иселила во Турција, сарајот го купил некој кратовски трговец, кој дел од огромниот објект пренаменил во ан, а приземните простории турската власт ги адаптирала во затвор. Кога би можел да прикажува каменот, тогаш веројатно и Грофчанскиот мост би имал сказни за многу романи. Него го споменува уште патеписецот Евлија Челебија како мост што води кон најубавиот Амам во Турската империја, од кој денес жално ѕиркаат само неговите контури. Грофчанскиот мост, завикан е така по богатото истоимено семејство доселено од Мала Азија во 1892 година, кое во Кратово гради велелепен сарај, до кој се стигнувало токму преку тој мост.


Мостот на Хавзи -Паша, Радин мост

Овој мост се наоѓа на познатата Манцева Река и е подигнат во 1833 година. Мостот е подигнат на две високи кули, од кои едната е висока 28 а другата 29 метри. Сегашниот мост е изграден од познатиот скопски големец Хавзи-паша. За нај ­про­чу­е­ни­от Ра­дин мост се рас­ка­жу­ва по­трес­на ле­ген­да спо­ред ко­ја во те­ме­ли­те жи­ва е за­ѕи­да­на Ра­да. По­трес­на­та при­каз­на за де­вет­те бра­ќа-ѕи­да­ри и за уба­ва­та не­ве­ста Ра­да сѐ уште прив­ле­ку­ва го­лем број стран­ски и до­маш­ни ту­ри­сти, кои до­а­ѓа­ат да го ви­дат ле­ген­дар­ни­от Ра­дин мост во Кра­то­во.


Уште кон кра­јот на 14 век, поз­на­ти­от мај­стор Ра­де из­гра­дил мост, кој бил поз­нат ка­ко Ра­дев мост. На две­те стра­ни има­ло стра­жар­ни­ци и се нап­ла­ќа­ла мо­ста­ри­на во на­ту­ра – со јај­ца, мед, си­ре­ње, ур­да… Но, око­лу 1820 го­ди­на мо­стот бил уни­штен по удар од гром. Та­ка, пат­ни­ци­те оста­на­ле отсе­че­ни, а тр­гов­ски­те вр­ски со окол­ни­те гра­до­ви би­ле отеж­на­ти и мо­ра­ло да се кру­жи пре­ку Ар­гу­лич­ки мост. За­тоа, ду­бров­ча­ни­те и Са­си­те, кои жи­ве­е­ле во Кра­то­во, из­дејс­тву­ва­ле средс­тва од Ду­бров­ник и ја поч­на­ле из­град­ба­та на ле­ген­дар­ни­от Ра­дин мост, не­по­сред­но над раз­ур­на­ти­от Ра­дев мост, од кој сѐ уште сто­јат оста­то­ци – рас­ка­жу­ва­ат кра­тов­ци, кои дол­ги го­ди­ни ги чу­ва­ат и со­би­ра­ат ле­ген­ди­те и пре­да­ни­ја­та за зна­ме­ни­то­сти­те во Кра­то­во.


Kratovo

Легеда за Радин Мост

Спо­ред една ле­ген­да­, из­град­ба­та на Ра­дин мост би­ла ама­нет од мај­ка­та на де­вет­те бра­ќа-ѕи­да­ри. Мај­ка­та на де­вет­те бра­ќа, кои би­ле од кра­тов­ско­то се­ло Кри­ла­ти­ца, еден ден трг­на­ла на па­зар во Ку­ма­но­во, но не стиг­на­ла за­тоа што Kри­ва Ре­ка го од­не­ла Мар­ков мост. По тоа, таа на сво­и­те си­но­ви им оста­ви­ла ама­нет да гра­дат по еден мост се­ка­де ка­де што ќе одат за да се ши­ри шоп­ла­кот, би­деј­ќи тие по­тек­ну­ва­ле од по­драч­је­то на­се­ле­но со шо­пи и си­те де­вет­ми­на има­ле шоп­ски ими­ња – рас­ка­жу­ва­ат кра­тов­ци.


Спо­ред пре­да­ни­е­то, тие поч­на­ле да го гра­дат мо­стот на Ман­це­ва Ре­ка, но тој по­сто­ја­но се ури­вал. Сѐ што ќе из­гра­де­ле де­ње, но­ќе па­ѓа­ло. За да им „трае“ мо­стот, тие се до­го­во­ри­ле сна­а­та што утре­ден­та ќе им до­не­се ру­чек да ја за­ѕи­да­ат во те­ме­ли­те за да се зац­вр­сти град­ба­та. Си­те им ка­жа­ле на сво­и­те не­ве­сти за до­го­во­рот, са­мо нај­ма­ли­от брат не ка­жал. Утре­ден­та, најм­ла­да­та Ра­да им при­го­тви­ла ру­чек и им го од­не­ла на мај­сто­ри­те, а ко­га ја ви­де­ло неј­зи­но­то мом­че, сил­но зап­ла­ка­ло. Де­ве­ри­те пак, ја фа­ти­ле и жи­ва ја за­ѕи­да­ле во те­ме­ли­те. Ра­да са­мо мил­но ги за­мо­ли­ла да ѝ ја оста­ват дес­на­та гра­да за да мо­же да си го на­дои ма­шко­то де­те.


Кули

Кратово е град со најголем број средновековни кули во Македонија, вкупно 17. Дванаесет се лоцирани на левата страна од Кратово, а пет на десната. Само шест од нив се сочувани, додека другите се мошне оштетени. Најголем дел од кулите настрадале за време на Карпошовото востание. Златкова кула е најстара и најбогата, изградена во 1365 година. Симиќева кула е најзначајната, највисоката и најубавата кула во Кратово, изградена во 1370 година од тогашниот владетел на Кратово, велико достојникот Костадин Дејанов. На кулата во 1921 година е поставен градски часовник, така што денес е позната како градска саат-кула.


Кулата на Емин Бег

Кулата на Емин Бег  е  висока 12,74 метри, а основата и е правоаголна со ширина од 6,10 метри. Вратата се наоѓа на јужната страна и е изведена од делкан камен. На кулата се забележуваат остатоци од проширувањата на страничните ѕидови. (може да се даде претпоставка дека оваа кула можеби била споена со друг објект кој подоцна бил срушен. На истиот ѕид десно од влезот на кулата во вид на рог е издадена пирамида која преставува самостоен објект. Тоа било бања со тоалет. Кулата има три ката. Скалите се доста стрмни и се дрвени, а само на третиот кат се камени. Третиот кат е висок 6,05 метри со крстест свод и покрив од плочи. Тука има камин, ниша, полици и долапи за покуќнина.


Kratovo

Кулата на Абедин Ефенди

Меѓу позачуваните кули во Кратово е кулата на Стеван Симиќ, порано на Абедин Ефенди. Високата Кула (21,80 м) е изградена кон крајот на 14 век. Градители на кулата и  дале единствено и мирно решение со монументален изглед, како по комбинација на масата, така и по композицијата на употребениот и вграден материјал - камен, тула и дрво. На нејзиниот последен кат е сместена една од најубавите простории, украсена со стилизирана орнаментика во вид на ливчиња со крин. Во неа има и седум прозорци, огниште, долапи, две набљудувачнци, еден процеп и истурен балкон над камени конзоли, на јужната фасада на кулата. Внатрешниот дел е поделен на катови, од кој најубав е четвртиот, со прекрасен поглед на градот. Во горните делови се стигнувало преку тунелски камени скали сместени на јужниот ѕид, така што се добива впечаток дека посетителот се движи низ тунел.


Саат кулата во Кратово

Саат кулата во Кратово се наоѓа на источниот агол од плоштадот во централното градско подрачје. Се претпоставува дека е изградена во доцниот среден век (веројатно во 1372 г.)[1], а во текот на османлискиот период живееле богати турски бегови. Во Кратово имало 12 кули од кои денес се зачувани 6, меѓу кои и саат кулата. Во рамките на кулата се наоѓаат мала музејска поставка која го прикажува Кратово низ вековите. Часовникот на кулата одамна не е во функција и не постои никаков механизам за часовник внатре во кулата. Сепак поради тоа што некогаш постоел механизам со часовник во самата кула, оттаму самата кула го добила и своето име. Кулата е ѕидана од клесан камен, кој што се вадел од околината на градот, а покривот е од камени плочи. Внатрешноста на кулите е поделена на 3 ката, од кои горните се со по еден балкон и одделенија за живеење.


Кулата на Асан Ефенди

Оваа кула е изградена во 1365 година. Името го добила според нејзиниот последен сопственик, Ѓорги Златков. Тој ја купил ова кула од Асан Ефендија, според чие име дотогаш се нарекувала. Основата на кулата е правоаголна, изградена е од дебели камени ѕидови, висока е 5,90 и 6,35 метри. Кулата има три ката,во неа се влегува со помош на подвижни скали. Под самиот праг на вратите се гледаат остатоци од камени греди и проширен ѕид на којшто се поставувале подвижните скали. На југоисточниот ѕид се наоѓа длабнатина, која што била бања со санитарен јазол. Кон последниот најгорен кат водат дрвени скали,каде што се влегува преку дрвена врата, која се затвора хоризонтално. Се претпоставува дека оваа кула е една од најстарите кратовски кули


Култура во Кратово

Кратово ги има следниве културни установи: музеј на град Кратово, домот на културата и градска библиотека. Во Кратово има три православни цркви. Црквата „Св. Никола Чудотворец“ во Царина маала, обновена во 1848 год. Црквата „Св. Јован Претеча“ во Рибарското маало (дело на мијачкиот мајстор Андреја Дамјанов), обновена во 1836 год. и  Црквата „Св. Ѓорѓи Кратовски“.  Таа била посветена на единствениот маченик, прогласен за светец од Кратово од XVI век „Св. Ѓорѓи Кратовски“, кој поради својата вера во христијанството бил спален 1515 год. во Софија.


Во негова чест и слава и во чест на зачекорувањето во третиот сехристијански Милениум, Советот на општината Кратово го прогласил празникот „Свети Ѓорѓи Кратовски” за патронен празник на градот кој се слави на 24 февруари, а светецот „Свети Ѓорѓи Кратовски” станал симбол и заштитник на градот и општината.


Фестивалот “Златни денови” во Кратово

Градот на кулите и мостови е домаќин и организатор на еден од најзабавните фестивали на музика и култура. Кратово успева да се воспостави како еден од најпознатите градови, каде што постои совршена синергија на забава, култура и историја. Овој фестивал е одлична можност за секој да се запознае со историјата на прекрасното Кратово и да си ја исполни душата со прекрасна музика, кратовски гурмански специјалитети и одлична забава.


Туристички атракции в околината на Кратово

Подрачјето на градот е покриено со природно зеленило, располага со убави излетнички места, како: планината „Лисец“ и „Буковец“ и долината на реката Злетовица и Крива Река.


Камени Кукли — карпести образби кај с. Куклица, Кратовско

Камените кукли во овој простор се природна појава настаната со долготрајната ерозија на вулканските карпи со различна отпорност: игнимбрити, андезити и туфови. Научниците, пак, велат дека камените фигури се создале пред 10 милиони години, кога се уште немало луѓе на планетата. Вертикалната ерозија на вулканските карпи создала "кукли" повисоки од десет метри, кои и денес доминираат во питомата околина. Со тек на времето природата од нив извајала ретки ремек-дела.


Kratovo

Легендата за "Весела свадба"

Легендата вели дека многу одамна во селото Куклица се случила голема трагедија. Момчето, во кое една девојка била бескрајно вљубена, се оженило со друга, поради што разочараната девојка ги проколнала младенците. Кога дошол свадбениот ден, навидум се било во ред: се собрале сватовите, стасале и другите гости, веселбата почнала. Во моментот кога младенците се бакнале, клетвата се остварила и сите свадбари се скамениле. Скаменетите свадбари и денес сведочат за гневот и за болката на несреќната девојка.


Селаните го викаат местото "Весела свадба" зашто сватовите останале насмеани, а младенците се скамениле во нежна прегратка. Поради овие скаменети "кукли", и местото го добило своето име - Куклица. Со малку фантазија, секој посетител може да си ги дополни празнините во приказната, бидејќи не се знае што се случило со девојката што ја фрлила клетвата. Мештаните раскажуваат дека нивните предци се обиделе да ја растурат клетвата на вљубената девојка, но не успеале.


Карпата Цоцев Камен

Карпата Цоцев Камен е од вулканско потекло, висока стотина метри и стара неколку милиони години, денес се смета за праисториска опсерваторија. Станува збор за неолитска населба, која се наоѓа на 25 километри западно од Кратово, во непосредна близина на селото Шопско Рудари. Самата карпа била духовно светилиште, што е забележливо од многуте остатоци и од предметите пронајдени во непосредна близина. Пред околу 10.000 години тука се изведувале ритуални танци, капења под водопадот и принесување жртви на боговите на виното и плодноста. Вредноста на Цоцев Камен е откриена во 1971 година. Некои истражувачи го сметаат за единствен локалитет во светот кој на едно место има светилиште, жртвеник и опсерваторија.



Повеќе информации за општината и градот на официјалната страна, и Брошура издадена од Општинска установа Музеј на град Кратово- Кратово.





 

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.