Штип

Штип е лоциран на бреговите на реките Брегалница и Отиња, на ридестиот терен на тромеѓето меѓу Овчеполската, Кочанската и Лакавичката Котлина. Географската положба му овозможува да има значајна сообраќајна функција и сообраќајно добро да комуницира со околните населби. Од Штип се протегаат неколку сообраќајници, како што се патните правци кон Велес, Свети Николе и Куманово, патот кон Кочани, Делчево и Бугарија со крак кон Пробиштип и Кратово, патот кон Радовиш и Струмица со крак кон Неготино во Тиквеш. Низ градот минува и железничка линија преку која се поврзува со Велес и Кочани. Штип се смета за многу стара населба. Се спомнува уште во III век п.н.е. под името Астибо. Со потпаѓањето под власта на Византија градот е познат под името Стипеон, а со доаѓањето на Словените во VI-VII век го добива денешното име. Од 976 до 1014 година е во составот на Самуиловата држава како град- тврдина. Во текот на XIII u XIV век, како резултат на развитокот на занаетчиството и трговијата, Штип доживува значаен економски напредок и популациски растеж. Во втората половина на XIV век потпаѓа под турска власт. Во XV век, со колонизацијата на Турците, во Штип се зголемува бројот на населението и се менува неговиот етнички состав. Во периодот од турското освојување на градот до Австро-турските војни, Штип е најважно трговско и занаетчиско место во Овчеполието. По Австро-турските војни развојот на градот заостанува. Но, во текот на XVII u XVIII век градот повторно популациски расте, со доминантно македонско население. Во XVIII век Штип станува црковно средиште. Поради поволната сообраќајна положба, сигурноста на патиштата, развиеното занаетчиство и аграрот, како и непостоењето на поголем градски центар во околните котлини, во XIX век Штип доживува интензивен урбан и стопански развој. Со изградбата на Вардарската железница стопанскиот развој на градот се засилува.

 

 

Баргала, еден од по значајните доцно антички градови во Македонија, се наоѓа на 20 километри североисточно од Штип. Градот претставува тврдина опкружена со ѕидови и кули, со монументални влезови и порти, која датира меѓу IV u VI век. Со ѕидови дебели повеќе од два метри, ја изградиле Римјаните како воен логор, а потоа прераснала во граѓанска населба и ранохристијански епископски центар на Брегалничкиот регион. Во V век, особено во времето на lустинијан I, Баргала го достигнала својот врв, но кон крајот на VI век во неколку наврати страдала при аварските и словенските освојувања. Во средниот век во Баргала се оформила нова населба. Локалитетот изобилува со археолошки наоди. Особено впечатливи се подовите на базиликата подигната кон крајот на IV век, а обновена во V u VI век, од кои како најубав се издвојува подот од презвитериумот, обложен со бели и сиви ппочи. Резервоарот за вода и двете бањи (доцноантичка голема и мала бања) претставуваат добро сочуван комплексен објект со поединечни простории, меѓусебно функционално поврзани. Во Баргала се откриени и делови од стопански и станбени објекти.

Денес во Баргала може да се види базиликата, резервоарот за вода, импресивната порта и голем дел од инфраструктурата на градот. Дел од градскиот бедем и главната порта се целосно конзервирани. Истражена е само една десетина од целиот локалитет, бидејќи целиот зафаќа површина од околу пет хектари.

 

 

Исаро, познатото Штипско кале, се издига над самиот град. Целата тврдина е опколена со ѕид кој ја следи конфигурацијата на теренот, во правец север-југ од околу 350 метри по една иста изохипса. Висинската разлика меѓу западната и источната страна изнесува 10 до 15 метри. Тврдината е лоцирана меѓу реките Брегалница и Отиња, на возвишение со релативна височина од околу 150 метри над реките. Точни податоци за потеклото на тврдината не се евидентирани. Најверојатно потекнува уште од римскиот период (II-VI век). Во воените судири на цар Самуил со Византијците во 1014 година тврдината била освоена. Денешната градба најверојатно е од X1V век со навлегувањето на Србите 1328 година, но таа набрзо во 1385 година била освоена и долго време била користена од страна на Турците. Тврдината Исар се состои од два дела. Едниот е замок со димензии 106х20 метри, а вториот е стопански двор со димензии 250х50 метри. На двете страни од тврдината има порти. Од XVII век наваму тврдината не се користела. Денес се преземаат мерки за санација и реконструкција на тврдината.

Тврдината што денес се гледа на Исарот потекнува од XIV век - Нејзините ѕидови се градени во плочест слог залиени со многу малтер, а широки се само 1,3 м. Само одделни партии се помасивни.

 

 

Градски музеј

Штип располага со разни културно-образовни институции и организации. Во Штип се наоѓа Градски музеј од 1952 година, градска библиотека уште од XiX век, старото училиште во кое работел Гоце Делчев и голем број материјални споменици.

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.