Неготино


Неготино- градот на грозјето и доброто вино

Неготино има годишно производство од 20 – 25 милиони килограми грозје. Во поново време, се забележува отворање на приватни винарии и винарски визби кои извезуваат вина и на странските пазари. Најзастапени се винските сорти  Шардоне, Ризлинг, Совињон бланк, Траминец, Смедеревка, Мускат, Каберне совињон, Мерло, Пино ноар, Плавац мали, Вранец и Кадарка. Неготинските винарии ширум ги отвораат вратите за сите посетители, кои заедно со тимот сомелиери на забавен, неформален и релаксирачки начин може да зачекорат во винска дегустација, комбинирана со различни видови на храна.

Местоположба на Неготино

Неготино е град лоциран во средишниот дел на Македонија, сместен во средното Повардарие, од двете страни на реката Вардар и зазема значителен простор во Тиквешката Котлина. Од Скопје, е оддалечен 95 км, а најблизок град е Кавадарци, кој е на растојание од 10 км. Има поволна географско-сообраќајна положба. Во непосредна близина поминува автопатот и железницата од Скопје за Солун. Тука се вкрстуваат и патните правци кон Прилеп и Штип, односно, слично како и во минатото, се сечеле Вардарскиот пат и патот долж Црна Река. Минувајќи низ превојот Плетвар и низ Пелагонија, се поврзувал со Виа Игнација. Градот има 13.284 жители. Климата и почвата се идеални за одгледување на грозје и добивање на вино. Повеќе информации може да се најдат во локалната самоуправа на градот, односно општината.


Negotino Solunska Glava

Етимологијата и историјата на градот

Името на градот според етимологијата е изведено од топонимот Антигонеа, населба кој постоела до 518 година во античкиот период, во непосредна близина на денешно Неготино. Како град се спомнува во првата половина на XIX век. Со изградбата на патот Прилеп-Штип во XIX век, Неготино добива важност како попатна станица и прераснува во гратче. Уште поголем развој забележува со изградбата на Вардарската железница. Пред балканските војни, Неготино било гратче со 700 куќи. Вистински раст на градот во демографска и економска смисла се случува по Втората светска војна.


Во стопанството на градот доминира земјоделството (лозарство) и индустрија (прехранбена индустрија, индустрија за пијалаци, електроиндустријата). Денес Неготино е современо гратче со развиени градски функции и претставува второстепен центар во Тиквешкиот лозарски регион. Неговото гравитациско подрачје зафаќа околу 28 селски населби, за кои Неготино е главен административен, културно-образовен и здравствен центар. Во него има Дом на културата, Градски Музеј, Градска библиотека. Тука на 21 септември се одржува Неготинскиот панаѓур.


Negotino Vino

Легенда за Неготино

Една интересна приказна се раскажува во врска со манастирот “Свети великомаченик Георгиј”. Според неа, во 1860 година во Неготино живеел еден бег со својата ќерка. Една ноќ неговата ќерка сонувала чуден сон. Во сонот правела две бразди со помош на два вола. Едната нагоре, другата надолу. Истовремено, сонувала како прави темели од манастир. Утредента го кажала сонот на татка си, но тој не верувал во тоа. Три ноќи го сонувала истиот сон. Не превземала ништо, оти татко и не верувал во сонот. На четвртиот ден легнала болна. Тогаш татко и донел два силни вола и ја советувал да направи како во сонот. При браздата надолу пронашла плоча на која имало човек со копје во раката како убива змеј. Кога ја направила браздата нагоре наишла на плоча на која бил нацртан лик на жена со дете во рака. Дошле до темелите од стариот храм.


Таа ги поставила новите темели на манастирот врз темелите од старата црква, а во градбата помогнале и турците кои биле сопственици на местото на кое никнал манастирот. Беговата ќерка оздравела и се омажила за христијанин. Околу манастирот извираат 26 природни води. Овде верниците доаѓаат да се напијат вода и да измијат очи, верувајќи дека овие води се лековити.

Саат кула

Во 1821 година турскиот бег Хаџи Тахир-ага Синан, од Кавадарци, на својот чифлик во Неготино изградил саат-кула и џамија, а безистен на Велешкиот. Саат-кула во Неготино во основата е шестоаголна, висока околу 15 метри и е ѕидана исклучиво од камен, со блокови со дебелина од околу еден метар. Горниот дел завршувал со дрвена конструкција, во кој бил поместен саатот (подоцна урнат). Од западната страна се наоѓа влезот изработен од кршен камен со полукружен надвратник. За историјата на кулата може да се прочита на натписи над влезот на кулата, кои се напишани на арапски јазик.


Negotino kula

Туристички атракции

Позначајна манифестација која се одржува во градот е Фестивалот на виното. Фестивалот на виното (14 февруари) кој се одржува по повод верскиот празник "Св. Трифун" (заштитник на лозарите). Долината на вкусовите ја гасне жедта на секој турист, кој ќе дојде да го дегустира најквалитетното македонско вино. Постои една легенда, која вели дека едно време во најсушниот регион во Македонија, Тиквешкиот, имало повеќе вино отколку вода. Во текот на античка Македонија, се одржувале т.н “Дионисови денови”, во чест на богот на виното Дионис. Секоја голтка македонско вино е совршенство подарено од Боговите. Лозарите за свој заштитник го имаат Свети Трифун, затоа 14-ти февруари е денот посветен на овој светец, тиквешките лозари го одбележуваат со изведување разни обичаи: рано наутро се оди во црква, се зема светена вода, па со неа се прскаат лозјата и обредно се закројуваат.







Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.