Кораб


Планина Кораб - највисока алпска планина во Македонија

Кораб e планина во Западна Македонија, на границата со Албанија. Потребно е само да се фрли поглед на планинскиот масив Кораб, за да се почувствува предизвик да се искачи и да се скроти неговата грандиозна крепост. На неа се наоѓа највисокиот врв во Македонија. Врвот Голем Кораб, со висина од 2.764 метри надморска височина. Искачувањето по овој или по другите врвови претставува неповторлива авантура. При што човек има чувство дека може да го допре небото. Кораб е планинска верига која се протега на правец југ-север.


Планина Кораб

Планина со најубав релјеф во Македонија

До планината Кораб која е во состав на Националниот Парк Маврово се стигнува по западната магистрала Гостивар - Дебар. Некаде околу 8 км од Маврови Анови спрема Дебар во близината на мотелот Трница или поточно кај состав Река - Мавровска река се влева во Радика. Се врти десно спрема селото Ничпур и месноста Стрезимир. Традиционалното меѓународно искачување на Голем Кораб се одржува во почетокот на септември секоја година, по повод 8 септември денот на независноста на Македонија.


Планина Кораб

Според многумина, планината Кораб претставува најубав релјеф во Македонија. Поради природните реткости и богатства, влегува во склоп на националниот парк Маврово. Кораб е воедно и најалпска планина на оваа територија, богата со алпска флора. На неа се извишуваат дури 52 врва повисоки од 2000 метри. Неговите ридови се исклучително стрмни, а на некои места се забележуваат вертикални карпи, кои се високи и по стотина метри. Една третина од планината изобилува со листопадни шуми, а половина од алпскиот појас го сочинуваат пасишта.

Планина со највисок водопад

Општа карактеристика за масивот на Кораб е богатството на површински водотеци - реки и потоци кои по напуштањето на планинското подрачје се влеваат во Радика и Црн Дрим. Тие имаат брзи текови, наизменично низ кањони и долини, често формирајќи брзаци и водопади. Највисок изворишен дел и најатрактивно течение со дури три кањони има Длабока Река. Со своите 130 метри, водопадот на оваа река, Корабски водопад е највисок на Балканот. Карактеристично е тоа што водопадот може да се види јасно од далечина само во пролетните месеци и во почетокот на летото, а зимно време е замрзнат. Дополнителна убавина на планината ѝ даваат глечерските езера. Кораб го красат осум постојани езера, а од нив најголемо е Корабското Езеро.  Се наоѓа на висина од 2470 метри и кое претставува највисока водена површина во Македонија - вистински планински бисер.


Планина Кораб

Незаменливо е чувството што и покрај напорот и заморот кој ќе го чувствувате, секој миг искористен да земете здив е бесценет. Душата ќе биде исполнета гледајќи во сите прекраснотии што ги крие оваа наша убавица. Особено задоволство ќе ви причини погледот кон Рибничка скала и Кабаш. Се наоѓаат од левата страна и се доста голем предизвик и залак особено за оние поавантуристички настроените и екстремните планинари. Но, веќе кога ќе поминете повеќе од пола пат напорно пешачење, ќе го здогледате врвот на помалку од 40-тина минути, кој е вистински рај за очи и душа а, кога ќе стапнете со двете нозе горе ќе се чувствувате семоќно.


Планина Кораб

Повеќе информации за планината Кораб на следнава страна.





Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.