Голем Кораб


Голем Кораб - Највисок врв во Македонија

Голем Кораб (2753 m) е највисок врв на планината Кораб, а воедно и највисок врв во Република Македонија. Планината Кораб е во состав на националниот парк Маврово. Врвот се наоѓа во северниот дел на планината, на границата со Република Албанија. Врвот е доста стрмен, особено кон албанската страна и изграден од тријаски варовници. Поради големата височина, во близина и во подножјето се јавуваат траги од плеистоцена глацијација: циркови, валови, морени и др. Под врвот извира Длабока Река (десна притока на Радика), на која се наоѓа водопадот Пројфел висок 133 m.


Врв Голем Кораб

Најдобар и најлесен начин да се искачите на „Голем Кораб“ е да се приклучите на традиционалното меѓународно искачување кое се одржува во почетокот на септември секоја година по повод 8-ми Септември Денот на независноста на Република Македонија. Врвот е остар, карпест, оголен и од него се протега извонреден панорамски видик. Доколку одлучите да поминете 2 дена потребно е со себе да носите шатор и вреќе за спиење.


Планинскиот масив Голем Кораб

Корабскиот планински масив се издига од десната долинска страна на реката Радика, односно од западната страна на Националниот Парк Маврово. Во крајниот западен дел на Република Македонија. Корабскиот масив го сочинуваат три планини кои меѓусебе се надоврзуваат во правец од север кон југ (Кораб, Дешат и Крчин). Границата помеѓу нив тешко може да се определи. Кај народот што живее во подгорините на овој планински масив, за северниот дел е одомаќинето името Кораб, за средишниот Дешат, а за јужниот дел Крчин. Планината Кораб се издига во северниот дел на Корабскиот планински масив, на потегот од врвот Шерупа (2,092 m) на север, до високопланинскиот превој Дешат (1,959 m) на југ, со должина од 26 km. Највисок врв е Голем Кораб (2,764/2,753 m).  Помеѓу високите планински врвови се наоѓаат и високи планински превои, меѓу кои позначајни се: Голема Корабска Врата (2,062 m), Мала Корабска Врата (2,460 m) и Цигански Премин (2,300 m).


Врв Голем Кораб

Повеќе информации за врвот Голем Кораб на следнава страна.





Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.