Корапски водопад


Корапски водопад - највисокиот водопад

Корапски водопад или Пројфелски водопад е во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб. Кораб е богат со потоци и реки кои се карактеризираат со брзи текови и неизменично поминуваат низ кањони и долини. Со своите 130 метри, Корапски водопад на оваа река е највисок на Балканот. Се јавува во пролетните месеци од топењето на снегот на источната страна на врвот Мал Кораб (под Мала корабска врата). Глетката е фасцинантна доколку се наоѓате на некој од околните ридови. Во зависност сезоната и водостојот на изворот, водопадот варира во висина и интензитет. Бројките варираат меѓу 70 до 138 метри. Точната висина на водопадот може да зависи и од различните точки кои се земени при различни мерења. Горната точка на Корапски водопад се наоѓа на надморска височина од околу 2.050 м, а долната е на надморска висина од околу 1.950 м.


Корапски водопад

Кораб - планински бисер во Македонија

Корапски водопад се појавува со топењето на снегот на пролет. Најголем интензитет има кон крајот на мај и почеток на јуни, а понатаму во текот на летото, губи од својaта јачина. Крајот на летото и почетокот на есента, водата само се лизга по карпите, а во сушни години комплетно пресушува. Најдобриот пристап до Корапски водопад е преку долината на Длабока Река. Може да се пристапи од левата страна на реката преку селата Нистрово и Жужње, или од десната страна преку Бибање, покрај врвот Кабаш.


За незаборавно доживување препорачливо е да се посетува во месеците мај, јуни. Планинарската акција е еднодневна тура во природа, патеката е маркирана,70% во шума и 30% по пасишта, но со панорама која ќе ве маѓепса. Дополнителна убавина имаат и глацијалните езера. Кораб е украсен со осум постојани езера а најголем од нив е Корабското езеро, кој се наоѓа на 2.470 метри надморска височина и претставува најголем планински бисер во Македонија. На планината Кораб има 52 врва што се издигаат од над 2.000 метри.


Корапски водопад

Повеќе информации за Корапскиот Водопад на следнава страна.





Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.