5те најубави врвови на македонските планини


Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини

Голем број на луѓе ја сметаат Македонија за „Швајцарија на Балканот“. Поради националните паркови, големите недопрени и диви планински масиви, извонредната природна убавина како и спектакуларните карактеристики на земјата. Величенствени снежни врвови, водопади, мали скриени планински цркви, традиционални селски куќички украсени со свежо цвеќе. Со пешачење или прошетки ќе добиете совршен баланс на активност во природен амбиент, и ќе откриете дел на нашата историја, култура и гастрономија. Уживајте во 5те најубави врвови во Македонија.

Врв Солунска Глава

Солунска Глава (2540 м) е највисокиот врв на планината Јакупица, еден од 5те најубави врвови. Тој е остар (со конусен изглед), карпест и карстифициран. Од врвот може да се гледа поголемиот дел од територијата на Република Македонија, а за многу ведро време, според кажувањата се гледа дури до Солунскиот Залив. Поради својата положба и доминантност, Солунска Глава има стратешко значење за нашата држава. На самиот врв и во неговото подножје има неколку огромни пропасти – најдлабоки во Македонија. На југоисточната страна, се јавува амфитеатрален отсек длабок скоро 1000 м, во чие подножје е изворот на реката Бабуна.


Најубави врвови во Македонија

Врв Голем Крчин

Голем Крчин (2341 м) е највисок врв на планината Крчин. Се наоѓа во северниот дел на планината, над селото Ростуше, на границата со Република Албанија. Врвот е стрмен, оголен и карпест, бидејќи е подложен на силно температурно и мразно разорување. Под врвот е извориштето на Ростушка Река на која има повеќе импресивни водопади.


Најубави врвови во Македонија

Црн Врв

Црн Врв (2257 м) е највисок врв на планината Јабланица. Се наоѓа во средишниот дел на планината, над селото Вевчани. Врвот е остар, многу интересен и со широк панорамски видик, особено кон Охридското Езеро. Во подножјето на врвот е убавото Вевчанско глацијално Езеро. Поради мразното разорување, по страните на врвот се јавува распаднат карпест материјал-камени реки и сипари.


Најубави врвови во Македонија

Врв Магаро

Магаро (2254 м) е трет по височина врв на планината Галичица (највисок е Плаја е Пусит, 2288 m) и втор на територијата на Република Македонија, по врвот Кота (2265 m). Врвот е доста убав, релативно стрмен, посебно кон западната страна и изграден од тријаски варовници. Од него има прекрасен видик кон Охридското Езеро на запад и Преспанското Езеро на исток. Околу врвот има интересни форми на карстна ерозија, периглацијални појави и фосилни глацијални форми: 2 цирка, валов и морени. Пејсажните убавини и спектакуларната панорама го прават овој врв еден од 5те најубави врвови во Македонија.


Најубави врвови во Македонија

Врв Меденица

Меденица (2163 м) е највисокиот врв на планината Бистра, последен од оваа листа на 5те најубави врвови. Се наоѓа во нејзиниот западен дел, над селото Галичник. Изграден е од тријаски варовници, како и целиот највисок дел од планината. Врвот е остар, а од неговата источна страна се протегаат неколку мали цирка и карстни полиња. До врвот најлесно се доаѓа преку преминот Церовец.


Најубави врвови во Македонија

Повеќе информации на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.