Вевчани

Во Вевчани речиси сѐ е во знакот на водата. Во селото има толку многу вода што на момент ќе ве натера да помислите дека сте се нашле во некоја рурална Венеција. Вевчани се споменува како селска населба уште од крајот на 9 век, кога било развиена и економски силна.

Спрострено е во подножјето на Јабланица, на оддалеченост од 14 километри од Струга. Овој терен е поделен на Горно и Долно маало, со надморска височина што се движи од 830 до 960 метри, со атар што зафаќа површина од околу 35 km2.

 

vevchani

 

 

Вевчани изобилува со градски шмек и шарм и, како и отсекогаш, така и денес претставува симбол на независност и протест за одлуките што не соодветстуваат со локалниот интерес на сите здружени сожители. И до ден-денс се прогласуваат себеси за држава во држава.

Кога ќе го посетите Вевчани, мора да поминете и покрај извориштето, познато како Вевчански Извори, кое претставува споменик на природата. Главниот извор е сместен во отвор на пештера, а подолу се наоѓаат неколку постојани извори, кои подземно се спојуваат со главниот. Овој духовно богат простор го ликува соборната црква „Св. Никола“, каде што се прославуваат Велигденските и Божикните празници. Во Вевчани се наоѓа и спомен-куќата на физичарот Михаило Пупин, кој едно време живеел тука.

За време на прошетката до изворите по уредените патеки и мовчиња, покрај многубројните параклиси, ќе го почувствувате духот на местото, што вистински ќе го доживеете кога ќе одлучите да станете дел од традиционалниот пагански карневал, кој се смета дека опстојува веќе 1400 години – Вевчанскиот карневал.

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.