Галичник

Едно од најубавите планински села, надалеку прочуено по бујните пасишта, прекрасниот кашкавал и бело сирење, како и по извонредните ѕидари и градители, се наоѓа на падините на Бистра, во срцето на мијачката област. Интересната местопложба на Галичник, на надморска височина од околу 1400 метри, се дополнува со автентичниот изглед на куќите.

Вештината на градење на жителите од овој крај е позната и во европските метрополи, каде што мајсторите го докажале својот занает. Селската архтитектура во Галичник е сочувана, старите камени куќи се обновени, а се градат и нови зданија во духот на традицијата. Куќите се состојат од две и три катни висини, а нивниот денешен изглед датира од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

 

 galicnik

 

 

Историски, најстарите сознанија за Галичник датираат од 10 век. Се смета дека порано бил населба создадена од сточари. Токму сточарството била главна дејност во селото, меѓутоа денес Галичник се полни со народ единствено во летните денови, кога раселените жители се враќаат да ги избегнат летните горештини. Во јули се одржува традиционалната Галичка свадба.

Покрај автентична архитектура и богато културно наследство, Галичник претставува незаборавно искуство и приближување до недопрената природа, во која сѐ уште може да пресретнете по некое стадо диви коњи како претрчува по падините. Медитеранската клима му дава посебно богатство на теренот, зимите знаат да бидат остри и снегот да се задржи до мај, но напролет и лете погледот кон околината лесно ви го одзема здивот, ве наситува и ве тера да им се восхитувате на ремек-делата на природата и на вештите градителски раце.

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.