Галичник


„Ако Македонија е библиска земја, Галичник е нејзината последна реликвија!“ — Петре М. Андреевски

Галичник е туристичка атракција поради неговата автентична архитектура, богатото културно наследство и восхитувачките пејзажи.


Село Галичник

Едно од најубавите планински села, надалеку прочуено по бујните пасишта, прекрасниот кашкавал и бело сирење, како и по извонредните ѕидари и градители. Се наоѓа околу 10 километри до Мавровско Езеро и ски-центарот Заре Лазарески. Лежи на падините на Бистра, во срцето на мијачката област. Интересната местопложба на Галичник, на надморска височина од околу 1400 метри, се дополнува со автентичниот изглед на куќите. Вештината на градење на жителите од овој крај е позната и во европските метрополи, каде што мајсторите го докажале својот занает. Селската архтитектура во Галичник е сочувана, старите камени куќи се обновени, а се градат и нови зданија во духот на традицијата. Куќите се состојат од две и три катни висини, а нивниот денешен изглед датира од крајот на 19 и почетокот на 20 век.


Историски, најстарите сознанија за Галичник датираат од 10 век. Се смета дека порано бил населба создадена од сточари. Токму сточарството била главна дејност во селото, меѓутоа денес Галичник се полни со народ единствено во летните денови, кога раселените жители се враќаат да ги избегнат летните горештини. Во јули се одржува традиционалната Галичка свадба. Галичката свадба се одржува секоја година на Петровден, (втората недела од јули). Денес свадбата има повеќе културно значење и е еден вид традиционална кутлурна манифестација.


Село Галичник

Галичка носија

Галичката носија, особено женскта галичка носија, е една од најпознатите во Македонија. Се одликува со невообичаено богатство на детали. Исклучително е слична со другите мијачки носии од реканскиот крај (Лазарополе, Тресонче, Сушица, Гари итн.). Во женската носија кои преовладуваат белата боја (накај жолта) и црвената боја. Белите клашнени облеки, украсени со црни гајтани, се главни одлики на машката мијачка носија. Ова е условено од климатските и стопанските услови во кои тие живееле (живеат) како сточари во планинските предели на планината Бистра, Стогово, Крчин и Кораб.


Повеќе информации за Галичник на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.