Планински активности
Македонија има скриени богатства за сите оние кои сакаат авантура, па се до рекреација и километарски планински патеки идеални за пешачење. Планинарењето е спорт за сите четири годишни времиња, во кој кондицијата се стекнува во природа со пешачење по угорнини и удолнини, по полош или подобар терен, кој може да биде шумска стаза, ливада или пак каменити ридови и карпи. Доколку сте почетници, најблиското брдо е вистински почеток, а со тек на време, ќе се зголемува издржливоста, а со тоа и должината на петеките кои во Македонија ги има многу.
Планински патеки
Планинарски патеки во Македонија има многу, од Пелистер (лесна- тешка патека), па се до Беласица, Осогово, Јакупица, Солунска Глава, Баба Планина, Малешевски Планини, Скопска Црна Гора, Шар планина...изберете ја патеката во зависност од вашата физичка подготвеност.
![Planinski aktivnosti](/wp-content/uploads/2018/08/planinski-aktivnosti-korab.jpg)
Планински патеки во Национален парк Маврово
Планинарските патеки во Национален парк Маврово се:
- Инфо Центар – Врв Кожа – Врбен
- Кружна тура над Леуново
- Ниќифорово – Врв Сандакташ
- Кружна патека над Маврово
- Маврово – Чавкарник
- Маврово – Врв Меденица – Галичник
- Галичник – Врв Говедарник
- Галичник – Јанче
- Селце – Суво поле – Галичник
![Planinski aktivnosti](/wp-content/uploads/2018/08/planinski-aktivnosti-mavrovo.jpg)
ГОРНА РЕКА
Патеки за пешачење во регионот на Горна река:
- Трница – Врбен
- Трница – Богдево
- Трница – Сенце
- Сенце – Волковија – Трница
ДОЛНА РЕКА И МАЛА РЕКА
Патеки за пешачење во регионот на Долна и Мала река:
- Скудриње Врв Крчин – Битуше
- Скудриње – Кале
- Скудриње – Присојница – Аџиевци – Ростуше
- Лазарополе – Врв Соколица
- Лазарополе – Елен Скок
- Лазарополе – Росоки
- Врбенска патека
- Горно реканска патека
- Патека по пејсажите
- Патека по Батковица
- Патека од Маврово до Кичиница преку Царевец
- Патека од Маврово преку Бистра до Лазарополе
- Патека од инфо центар до Галичник и Селце
- Кружна патека околу Лазарополе
Планински патеки во Националниот парк Пелистер
Патната инфраструктура вклучува три главни патишта во Националниот парк Пелистер и тоа:
- Битола – Трново – Магарево (крак кон Голема ливада - Ротино) - Информативен центар - Хотел Молика
- Кажани – Маловишта
- Информативен центар - Палиснопје - Цапарска пресека - Ловечка куќа - Антена - Големо Езеро.
![Planinski aktivnosti](/wp-content/uploads/2018/08/planinski-aktivnosti-pelister.jpg)
Планински патеки во Национален парк Галичица
Ова се патеки во Национален парк Галичица
- Историска патека - Голем Град
- Пешачко-рекреативната патека – патека на Франкофонијата
![Planinski aktivnosti](/wp-content/uploads/2018/08/planinski-aktivnosti-galicica.jpg)