Горно Нерези


Горно Нерези омилено место на Скопјани

Горно Нерези е ридско село сместено на западниот дел на северната падина на планината Водно, на надморска височина од 600 метри, односно Горно Нерези е село во Општина Карпош, во околината на градот Скопје. Нерези е омилено место на Скопјани и атрактивна туристичка дестинација за странските посетители.


Горно Нерези

Свети Пантелејмон е манастирска црква во истоимениот манастир во с. Горно Нерези. Манастирскиот комплекс е ограден со високи ѕидови, а во него се наоѓаат црквата и манастирските конаци. На ѕидовите на овој споменик на културата е сочувано фрескосликарство. По своите квалитети се вбројува меѓу врвните дострели на византиското сликарство од времето на династијата Комнини. Црквата била подигната од византискиот принц Алексеј Ангел, син на Константин Ангел и Теодора, ќерка на византискиот император Алексеј I Комнин (1081 - 1118).


Комплексот „Македонско село“ во Горно Нерези

Во близина на селото Горно Нерези, на падините на Водно, се наоѓа комплексот „Македонско село“, во чии што рамки на едно место се поставени неколку автентични куќи со стара архитектура, од повеќе региони во земјава. Ова уникатно етнолошко-културолошко претставување на Македонија се наоѓа на оддалеченост од само 7 километри од Скопје. Куќите имаат стилски обележја на регионите од беровскиот, делчевскиот, кратовскиот, кумановскиот, скопскиот, струмичкиот, галичкиот, реканскиот, полошкиот, велешкиот, прилепскиот и битолскиот крај, а градени се по теркот на старите мајстори. Нивната внатрешност е уредена според традиционалниот начин на живеење.


Горно Нерези

Комплексот содржи меана во стар стил, амфитеатар, воденица, чешма, валалница, трло, штала, рибник, а низ просторот се минува по калдрма. На ова место може да се запознаете со машини за нижење тутун, ковачница, ткајачница, грнчарница, со начин на изработка на филиграни. Може да посетите винска визба, дуќани за бочви, а доколку сакате да преспиете – тогаш ќе бидете сместен во преноќишта изградени во стар стил, но термички и звучно изолирани. Секако може и да уживате во вкусот на автентична храна. Доколку немате доволно време да ја запознаете цела територија и историја на Македонија – тогаш овој комплекс е место што мора да го посетите.


Археолошки локалитети во Горно Нерези

Градиште е некропола од доцноантичкото време. Источно од Горно Нерези на 1 км , на северните падини на Водно, на издадена карпеста чука со зарамнет врв во форма на триаголник и со димензии од 110 × 105 м се гледаат остатоци од одбранбен бедем граден од кршен камен и варов малтер. На површината на градиштето се гледаат темели од повеќе објекти и множество градежен материјал, како и фрагменти од керамички садови и монети. На северозападното подножје од Горно Нерези, при обработувањето на земјата се откриени повеќе гробови градени од камени плочи. Св. Пантелејмон е осамен наод од римското време. Во 1967 година, при изведувањето на конзерваторските работи во манастирот, во подот под централната купола на манастирската црква е откриен надгробен споменик од бел мермер со латински натпис. Споменикот е вратен на истото место, со натписот свртен надолу.


Горно Нерези

Повеќе информации за Горно Нерези на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.