Свети Пантелејмон

 

Црквата „Свети Пантелејмон“ е маркантен македонски средновековен споменик и најпозната светска ризница на византиското сликарство од времето на династијата Комнени. Се наоѓа на падините на планината Водно, во селото Горно Нерези.

Црквата е подигната во 1164 година, со средства на Алексеј Комнен, а посветена му е на заштитникот на здравјето, св. Пантелејмон. Изградена е во византиски стил, а за градењето бил употребен обичен кршен камен изваден од околината на манастирот и тули што биле вешто претворени во полихромни површини. Според своите димензии, црквата спаѓа во редот на помалите цркви од типот впишан крст во правоаголен простор.

 

 

         Се смета дека живописот во Св. Пантелејмон е дело на повеќе мајстори, а врвен дострел на византиското сликарство, поради кој морате да ја посетите црквата Св. Пантелејмон, претставува композицијата „Оплакување Христово“ на непознатиот главен зограф. Уникатноста на оваа композиција, со која се разликува од останатите композиции на слична тема во другите манастири во тогашната Византија, е нагласената претстава и живото истакнување на емоциите на Богородица, која е насликана како мајка што плаче над мртвото тело на својот син Исус. Ваквото претставување е карактеристично за раноренесансните уметници од Италија, кои се јавуваат стотина години подоцна од создавањето на „Оплакувањето Христово“. Затоа оваа композиција се смета дури и за предвесник на ренесансното сликарство.

Живописот во црквата Св. Пантелејмон докажува дека во уметноста ни времето, ни просторот често не значат многу – бидејќи секое уметничко ремек-дело веднаш станува рамноправен дел од вечноста.

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.