Водно

 

Водно

Прекрасен поглед кон Скопје и неповторливо возење со жичарницата од Средно Водно до Милениумскиот крст. Водно е планински локалитет кој се издига над Скопје до 1.061 метар надморска височина.

Таму се наоѓа Милениумскиот крст, манастирскиот комплекс Св. Пантелејмон, а Водно располага и со парк – шума, планинарски домови, повеќе угостителски објекти со уредени патеки за планинарење, паркиралишта за автомобили и широки панорамски погледи.

 

Жичарница

Од Водно се гледа речиси целата Скопска Котлина и градот Скопје. Затоа, Водно е еден од најпосетените локалитети во околината на Скопје. Во јуни 2011 година беше пуштена во употреба жичарницата од Средно Водно до Милениумскиот крст, чија траса е долга 1.750 метри и се искачува од 570 до 1.068 метри надморска височина.

Жичарницата располоага со 28 кабини со носивост од 640 килограми и капацитет за осум лица, како и две кабини за по четири лица. Гондолите од надворешната страна се опремени со држачи за велосипеди.

 

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.