Црква Свети Спас


Црква Свети Спас

Свети Спас е скопска црква сместена на просторот источно од скопската Тврдина Кале. Била изградена кон средината на XVI век, врз темелите на постара црква, за што сведочи и пронајдениот фрескопис на јужниот ѕид од црквата по земјотресот во 1963 година. Претрпела големи штети со пожарот во 1689 г., по што била обновена. Во 1824 година бил завршен иконостасот на црквата, а во 1867 година, помали икони за црквата изработил Дичо Зограф. Денешниот изглед црквата го добила во текот на XIX век.


Црква Свети Спас

Надворешениот изглед на Црква Свети Спас е доста неугледен, а кон влезната врата водат неколку камени скалила. Карактеристично за црквата е тоа што при нејзината изградба морала до половина да биде вкопана во земја, бидејќи отоманските власти не дозволувале црквите да бидат повисоки од џамиите. Според тоа, за да се постигне потребната висина на камбанаријата над висината на остатокот од градбата, црквата била вкопана во земја. Во внатрешниот дел од Црква Свети Спас се наоѓа иконостасот, кој се смета за вистинско ремек-дело. Долг е 10м, а широк 6 м и во горниот позлатен дел содржи „змиски крст“. Тука се и во придружба иконите на Св. Богородица и Св. Јован.


Иконостасот во Црква Свети Спас е поделен на 5 хоризонтални зони. Во нив се искористени мотиви од геометриски форми, растителниот и животинскиот свет и сцени од Стариот и Новиот Завет. На иконостасот се наоѓаат многубројни икони, поделени во два реда: големи престолни во горниот и мали престолни во долниот. Освен нив Црква Свети Спас изобилува со икони и надвор од иконостасот. Во западниот дел од црквата е изградена галерија за жени-вернички, а во нејзиното предворје се наоѓа мермерен саркофаг, во кој се чуваат моштите на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Во конакот од црквата, денес е сместен Заводот за заштита на спомениците на културата на град Скопје.


Црква Свети Спас

Повеќе информации за црквата Свети Спас на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.