Чифте амам


<!--tekstot e za vo tabot Did you know-->

Чифте амам

Поранешниот амам Чифте амам се наоѓа во средишниот дел на Скопската Стара Чаршија, поточно на потегот меѓу Мурат-пашината џамија и Сули ан. Заедно со овие два објекта ја сочинува единствената постојна „исламска тројка“ на просторот на чаршијата и во Скопје воопшто. Амамот е изграден во втората половина на XV век, како завештание на Иса-бег. За првпат се споменува во вакуфнамата на Иса-беговата џамија во 1531 година. Чифте амам бил тешко погоден со земјотресот од 1963 година. Подоцна е обновен и денес претставува уметничка галерија. Во него е сместен и дел од поставката на Националната галерија на Македонија, чиешто седиште се наоѓа во Даут-пашин амам.


Чифте амам

Чифте амам е редок пример на Балканот со голема архитектонска вредност, којашто денес не може да дојде до израз, бидејќи амамот речиси целосно е опколен со дуќани. Тој претставува монолитна градба, а при неговата изградба особено се водело сметка за функционалното единство и надворешното обликување. Граден е од камен, тули и малтер. Содржи две поголеми куполи и повеќе помали. Се состои од два дела, машки и женски, па оттаму и го добил името „чифте“, односно двоен амам. За разлика од другите двојни амами, машкиот и женскиот дел во Чифте амам се спојуваат во делот за капење. Во чест на наредбодавачот за негова изградба, Иса-бег, познат е и под името „Иса-бегов амам“. Познатиот патописец Евлија Челебија во своите записи го нарекува уште и како „нов амам“.


Чифте амам

Повеќе информации за Чифте амам на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.